Коцевски за изјавата на Јошевска-Анастасовска: Местото за соочување на доказите е судницата
Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2025 17:37
Jaвниот обвинител Љупчо Коцевски остро реагира на начинот на кој некои адвокати јавно го коментираат поднесеното обвинение за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ и како што вели однапред изнесуваат неосновани очекувања во однос на траењето на судската постапка, без воопшто да се запознаени со содржината на обвинението, доказниот материјал или планираната динамика на Судот за одржување на рочиштата.
Ова е наведено во писмото кое денеска јавниот обвинител Љупчо Коцевски го испратил до претседателот на Адвокатската комора на Македонија.
„Ниту еден од бранителите до овој момент до обвинителството не доставил доказ или известување дека презел самостојно дејствие за обезбедување докази во корист на неговиот клиент согласно член 306 од ЗКП. Во тој контекст, особено би сакале да го посочиме учеството на адвокат Сузана Јошевска-Анастасовска во емисијата „Студио 10“ на телевизија 24 на 9 октомври, како пример за неетички јавен настап, спротивен на принципите на Кодексот за професионална етика на адвокатите. Во емисијата таа изнесува комплетни невистини дека не и бил даден дел од доказниот материјал кој е приложен заедно со обвинението, обидувајќи се на тој начин да го наруши интегритетот на истрагата и угледот на јавнообвинителската институција“, наведува Коцевски во писмото.
Како што се додава, наведените пораки биле дел од извештајот за анализирана телефонска комуникација изготвен од МВР-БЈБ кој е дел од доказниот материјал доставен интегрално во судот и до сите бранители.
„Целокупниот доказен материјал за предметот „Кочани“ е навистина обемен и е резултат на макотрпна интензивна работа на јавните обвинители. Доколку почитуваната адвокатка не го презела во целост или не стасала ни да го прегледа, што е нејзина должност како бранител, тоа ќе има можност да го истакне пред Судот онака како што налага Законот за кривична постапка. Ова особено бидејќи наведените пораки воопшто не се однесуваат на нејзиниот клиент. Ваквиот јавен настап е целосно спротивен на општиот принцип број 5 од Кодексот кој им забранува на адвокатите да се рекламираат и да бараат личен публицитет на недостоен начин, какво што е впрочем изнесувањето целосни невистини“, вели Коцевски.
Тој потсетува дека адвокатите треба да го почитуваат Кодексот за професионална етика, согласно кој во извршувањето на својата професија, адвокатот е должен да го чува угледот на судот и институциите пред кои се јавува.
„Неговиот настап треба да биде таков, судовите и другите органи во него да гледаат заштитник во спроведувањето на законитоста и заштитата на правата и правните интереси на странките. Изнесувањето на неосновани проценки во поглед на долгото траење на судската постапка наштетува пред се на угледот на Судот и претставува обид истиот да се прикаже како спор и неефикасен, иако судењето воопшто не е започнато. Јавното обвинителство во моментов води повеќе активни судски постапки со кои се опфатени повеќе десетици обвинети, а судењата течат редовно и без застој. Јавните обвинители се водат единствено од доказите и немаат никаква можност да избираат колку обвинети ќе вклучат во постапките што ги водат. Притоа, укажуваме дека одредени адвокати го злоупотребуваат професионалното својство, се претставуваат и ја коментираат постапката и обвинението како непристрасни правни експерти, без притоа да појаснат дека всушност се бранители на обвинетите кои во основа ги застапуваат интересите на својот клиент, доведувајќи ја со тоа во заблуда јавноста и особено оштетените. Местото за соочување на доказите е судницата. Избегнувањето на судската постапка и обидот да се влијае на процесот со јавно изнесување на дезинформации, само ја покажува цврстината на доказите обезбедени од Обвинителството“, потенцира Коцевски.Во пожарот во март годинава во дискотеката во Кочани загинаа 62 луѓе, а околу 200 беа повредени.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ја објави резолуцијата за мигрантите, eве што содржи
Зимзоленд под лупа на институциите: Што се утврди и какви мерки ќе следат за забавниот парк во Скопје?
Семејството на загинатата сопатничка во сообраќајката во Илинден бара одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев од Левица
Ќура: Изјавата на Мицкоски не ни ги наруши односите
Драган од Штип ја продолжува пчеларската традиција на прадедо му – наследство старо четири генерации што и денес создава природен мед
„Филипче, како министер во Владата на Заев, работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци“: Лефков од ВМРО - ДПМНЕ со реакција
Обвинителството бара продолжување на мерката притвор за таткото и една од ќерките-краварки во Крива Паланка
Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски
„Скопје мора да биде достоинствен, уреден и убав град“: Орце се пофали со чистењето на центарот, еве што се правеше




