Кочани ќе добие современа патна мрежа и 42 социјални стана
Објавено во: Македонија 03 Април, 2013
Во оваа календарска година општина Кочани ќе добие современа патна инфраструктура на неколку патни правци и тоа Оризари-село Врговци во Осоговијата во должина од 4,5 километри во вкупна вредност од 20 милиони денари, патниот правец Кочани-село Бели во должина од два километри во вредност од 9,2 милиони денари и патниот правец кон село Лешки во должина од еден километар во вредност од 1,5 милон денари, истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на денешната прес-конференција во Кочани.
Посочи дека ќе се работи паралелно и на проектот за одвојување на атмосферската од фекалната канализација во вкупна должина од 10 километри. - За реализација на проектот се веќе обезбедени финансиски средства во износ од 69 милиони денари од Европската инвестициска банка, благодет кој ќе го користат седум илјади жители на Кочани, истакна Јанакиески.
Тој најави и изградбата на 42 социјални стана во населбата Калиманова глава, чија реализација ќе започне наскоро.