16 Мај, 2024
0.0270

Кога и како да употребувате лаксативи?

Објавено во: Мои пари 15 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Лаксативи - кога да се применат и колку се безбедни? Поимот опстипација (запек) се дефинира како намалена фреквенција на празнење на цревата и/или отежната дефекација. Нормално дефекација се случува во интервали од 8-72 часа. Сепак кај 1-6% од здравите возрасни лица редовно се јавува опстипација додека кај имобилизирани стари лица опстипација се јавува дури и до 80%. При тоа опстипацијата е почеста кај жените постари од 30 години. Причините за појава на опстипација се бројни почнувајки од: патувања (промена на храна и вода), недостаток на физичка активност (седечки начин на живот), исхрана сиромашна со растителни влакна, недоволен внес на течности, • занемарување на нормалното чувство за потреба од дефекација, употреба на некои • лекови (опиоиди, калциум антагонисти, неуролептици, антидепресиви, лекови за Паркинсонова болест) како и голем број други причини од невропсихолошка или метаболно ендокринолошка природа. Во голем број на случаи опстипацијата може да се острани преку водење на редовен живот, балансирана исхрана богата со растителни влакна, зголемен внес на течности, редовна физичка активност како и ‘’тренинг’’ за секодневна редовна дефекација (пр.после појадок) Сепак честопати потребна е употреба на дополнителни лекови или додатоци во исхраната т.н. Лаксативи со кои се стабилизира столицата. Во најголем дел овие производи се достапни во слободна продажба во аптеките и продавниците за здрава храна, така што пациентот честопати сам одлучува каков лаксатив ќе користи. Laxamol_web_300x250pxСепак дел од лаксативите доколку не се користат соодветно може да предизвикаат низа на несакани дејства како што се грчеви, стомачни тегоби и навикнување поради што пациентите треба добро да се информираат пред да употребат лаксативи. Особено внимателно треба да се користат т.н. стимулативни лаксативи (пр. сена, натриум пикосулфат, бисакодил) кои треба да се употребуваат само во одредени случаи и само краткотрајно заради надразнителниот ефект на стомачните органи како и опасноста од предизвикување зависност ако хронично се користат. Особено не се препорачува примена на стимулативни лаксативи при бременост бидејќи се зголемува ризикот од можна појава на предвремени контракции. Во најголем број случаи на опстипација се препорачува употреба на осмотски лаксативи кои го зголемуваат волуменот на столицата и механички го чистат цревото (пр.Лактулоза, полиетилен гликол). За да се добие посилен лаксативен ефект (особено кај лежечки постари пациенти) се препорачува комбинирање на осмотските лаксативи со природни лаксативи (крушина , сена) Во случај на долготрајна опстипација или појава на крв во столицата пациентот задолжително треба да се јави на лекар. (прочитај повеќе на http://www.laksamol.hr/) М-р по фармација Кирил Пецевски

Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“