„КОГА ЈА ЗЕМАВМЕ ВО РАЦЕ ПОЧНА СИЛНО ДА ПЛАЧЕ, ПРЕД ТОА БЕШЕ НЕСВЕСНА“ Спасителот кој ја пронајде Дуња: „На нива ја нашле како лежи...“
Објавено во: Балкан 04 Март, 2025 11:34
Двегодишната Дуња Марковиќ, која вчера исчезна во Уб, е пронајдена во тешка состојба со премрзнатини, но благодарение на навремената интервенција на Планинарската спасувачка служба се очекува добро да закрепне. Дејан Шевковиќ, припадник на планинската спасувачка служба, кој ја пронашол Дуња, деталите од потрагата ги споделил со „Блиц“.
„Имаше многу смрзнатини. Беше во тешка состојба, но за среќа стигнавме на време и се надеваме дека ќе биде добро. Беше сама, на нива покрај мал поток, лежеше во природа“, изјави Шевковиќ.
Шевковиќ истакна колку е мала веројатноста дека детето ќе стигне толку далеку, но не ја исклучи можноста.
„Ова е навистина далеку и многу е мала веројатноста дека детето би дошло вака далеку, но не е исклучено дека би можело да дојде толку далеку.
„Таа беше зашеметена“
На прашањето како реагирала Дуња кога ги видела, Шевковиќ одговорил:
„Беше во лоша состојба, зашеметена, не беше баш свесна. Меѓутоа, кога ја зедовме во раце, таа почна многу да плаче. Тогаш сфативме дека нејзиниот живот не е во опасност и се надеваме дека ќе биде добро и дека брзо ќе закрепне бидејќи цела ноќ ја помина на можеби минус еден, сама на земја, на студ“, раскажа Шевличков.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот
Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа





