Кога ќе решиш да трчаш за првпат, го трчаш најважниот круг
Објавено во: Мои пари 29 Август, 2025 12:10
Некои трки не се мерат во километри. Се мерат во одлуки, во преземање иницијатива и во храброст да излезеш од комфорната зона и да започнеш промена. Трчањето за првпат е токму таква одлука - најважниот круг што ќе го истрчаш, бидејќи тој не започнува на стартната линија, туку во тебе. Одлука дека е време да се грижиш за себе, дека сакаш промена, дека си подготвен да се соочиш со предизвик и да го надминеш тоа што досега си го сметал за граница.
Трчањето не е само физичка активност – тоа е борба со изговорите и стравовите. Најголемата победа е во првиот круг: победата над пасивноста, комфорната зона и навиките што нѐ држат заглавени.
Учество во маратонска трка носи здравје, енергија и нова животна дисциплина, а секој истрчан километар ќе стане сведоштво за тоа дека се движите во вистинска насока.
Под мотото „Трчањето ќе те промени“, годинешното издание на Виз Ер Скопскиот маратон ќе се одржи на 5 октомври 2025 година. Учесниците можат да се пријават за маратон (42.195 км), полумаратон (21.097 км), штафетен маратон „ЕУ за спорт“, и трката на 5 км.

Последен рок за регистрација е 19 септември, а сите што ќе се пријават до 29 август ќе добијат маица со логото на маратонот. Дополнително, учесниците што ќе се регистрираат до 10 септември ќе го имаат своето име испечатено на стартниот број.
Стартниот пакет за сите трки содржи и 20 ЕУР вредносен ваучер од Wizz Air (оние што ќе се пријават на 5км, мора да се појават на стартот за да го добијат ваучерот), торбица, бесплатни фотографии, медал на крај од трката (за маратон, полумаратон и штефетна трка), освежување и овошје, онлајн диплома, дигитален стартен пакет, осигурување од несреќен случај за време на траење на маратонот и подарок од партнерите на маратонот.
Пријавувањето се врши исклучиво преку официјалната веб-страница, каде што секој заинтересиран може да избере трка, да добие информации за стартните пакети и да го резервира своето место на стартот.
Не пропуштај ја можноста да бидеш дел од една од најголемите спортски манифестации во регионот. Учеството во Виз Ер Скопски Маратон значи и приклучување кон глобалното семејство на тркачи кои ја слават издржливоста, силата и спортскиот дух. Пријави се уште денес на официјалната веб-страница и запомни – најголемата победа е таа што ќе ја постигнеш со себе.
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





