Кога купувате на интернет не наседнувајте на лажни страници
Објавено во: Економија 29 Јуни, 2016 17:35
Кога купувате онлајн внимавајте на лажните страници и огласи.
Се среќаваат интернет страни каде се продаваат производи на нелегален начин Ова беше нагласено на денешната средба на организациите на потрошувачи на Македонија и на Охрид на која беше промовирана и брошура како граѓаните при интернет пазарење да прават разлика меѓу лажните и реалните интернет страници.
Иво Костовски, правен советник во Организација на потрошувачи на Македонија вели дека најмногу поплаки имало за проблеми со технички производи, односно користење на правата и обврските кои следуваат од гаранција и гарантниот лист.
„Константно сервисирање производи, задржување производи повеќе од 30 дена, недозволување производот да се замени со нов или да се вратат средствата, сервисирање макисмум трипати по 30 дена, период во кој потрошувачот останува без тој производ, се најчестите поплаки“ - вели Костовски.
За купувањето по пат на интернет вели дека има свои предности и мани, а граѓаните иако забележуваат нереални попусти по продавниците, многу ретко реагираат за оваа појава. Во текот на годината воопшто немало поплака за нереални попусти.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




