18 Декември, 2025
0.0602

Кога планот за иднината ќе пропадне, животот плете тажни приказни!

Објавено во: Балкан 21 Мај, 2015 09:43

Добивај вести на Viber

Сè што е овде е импровизирано. Фотографот Јанис Бехракис помина неколку дена со бегалците во грчкиот пристанишен град Патра, вратата на Грција со остатокот на Европската унија. Тие живеат во илегала и се обидуваат да влезат на ферибот, со кој сакаат да заминат за Италија. begalci 2 Ситуацијата на бегалците од Африка и Азија во Грција е катастрофална. Земјата, која поради тешката економска и фискална криза има доволно други проблеми за решавање, не располага со функционален систем за прием на бегалци, оценува невладината организација "Лекари без граници". begalci Само пред една недела стана јасно дека грчките власти спасиле 192 имигранти, меѓу кои и десетици мали деца, во близина на брегот на островот Крит. Бегалците се изјасниле дека се Сиријци и Палестинци, а по апсењето се сместени во градот Ханја. Полицијата трага по рускиот капетан на бродот, со кој имигрантите патувале за Италија. Секој од нив платил по 5.500 евра. Сумата за околу 50 деца на возраст од 3 до 6 години била за половина пониска. Вкупниот број на дојденците во земјата е непознат дури и за грчките власти. Некои пресметки ги проценуваат на скоро 3 милиони, што го прави речиси 30% од населението на Грција! Најголемиот дел од оние кои ќе одлежат зад решетките во грчките затвори или ќе го поминат периодот за азил, а не успеале да се качат на ферибот за Италија, патот го продолжуваат на север. begalci 3 Грчката полиција не прави проблем и им дозволу да ја преминат границата со Македонија. Од нивите во Гевгелиско бегалците наоѓаат разни начини за транспорт. Оние кои имаат пари наоѓаат таксисти кои илегално ќе ги однесат до српската граница, но оние кои ги изгубиле своите средства за пат тргнуваат пеш. Најлесно им е да се движат по железничката пруга, поради сигурноста во тоа дека нема да се изгубат, но тука лежи најголемата опасност. Голем дел од нив ги губат животите на пругите кои се на тешко прооден терен без можност за бегство доколку наиде воз. Според официјалните бројки секој ден околу 200 бегалци се откриваат од пограничните служби во Македонија, но бројот на оние кој успеваат да се сокријат е многу поголем. K.K.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии