Кога последен пат кажавте “Ало” преку жица?
Објавено во: Анализа 03 Март, 2015 10:26
Паметните телефони стануваат постојан ибор за повеќето луѓе во ширум светот, а фиксните телефони се повеќе го губат своето значење. Пред 10 години 9 од 10 домаќинства во САД имало фиксен телефон. Денес веќе е едвај секое второ има.
Ова го покажуваат податоците од Центарот за контрола и превенција на болестите кои го следат бројот на телефоните во САД како нуспродукт од истражувањето кое се спроведува на секои две години за здравјето на граѓаните од 2004 година.
Ако овој тренд продолжи со сегашното темпо, а нема причина да веруваме поинаку, мнозинството од американските домаќинства може да се без фиксен телефон уште оваа година. А по неколку години домашните телефони може да се покажат како вид во исчезнување , како видеото, факсот и други технолошки мошти.
Она што може да им даде некое време по патот кон целосно изчезнување е фактот дека луѓето ќе продолжат да ги користат на работа, дури и тоа да е поради недостаток на подобра алтернатива. Другата надеж се постарите лица кои се генерално повеќе конзервативно настроени и сакаат да вложуваат на испробаните и проверени методи.
Податоците од ова истражување се за САД, но за сите е јасно дека трендот е светски. Кога за последно се јавивте на некого, освен на својата баба, преку домашен телефон?
Графиконот го покажува бројот на домаќинствата во САД, кои имаат фиксни телефони и оние само со мобилни телефони.
К.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени






