Кога Сашо Мијалков доаѓа на распит, судот врие од специјалци
Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2016
Екс директорот на УБК Сашо Мијалков се појави на распит во суд .
За него специјалното јавно обвинителство бараше мерки за претпазливост а денеска судот треба да одлучи за овој предлог.
Мијалков е повикан на распит во Кривичниот суд за случајот „Трезор“, случајо во кој судијата на претходна постапка ќе одлучува по мерките на претпазливост кои ги побара СЈО.
На новинарите не им се дозволува да се приближат до службениот влез во судот за да фотографираат.
Специјалното јавно обвинителство го отвори случајот „Трезор“, кој се однесува на набавка на опрема за комуникации за потврдите на Упоравата за безбедност и контраразузнавање, за која постојат наводи дека е платена многу поскапо и дека преку неа се исцицале близу милион евра од Буџетот на Република Македонија непотребно.
Поранешниот директор на УБК е осомничен и за случајот „Тортура“, каде се работи за начинот на апсење на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.