10 Октомври, 2024
0.0255

КОГА СРЕЌАТА ЌЕ ТИ ТРОПНЕ НА „ВРАТА“: Бездомник доби 37.000 евра на лотарија

Објавено во: Свет 28 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Бездомник од Италија, минатиот месец на лотарија освоил 37.000 евра, но среќата не можела да дојде благословено, па се појавиле проблеми при обидот да си ја земе наградата бидејќи имал застарени документи. 

По бројни перипетии, на крајот властите дошле на помош и му овозможиле да ги добие парите, објавија италијанските медиуми.

Џанлуиџи, попознат по прекарот Касано, на почетокот не можел да го уплати билетот бидејќи немал здравствена книшка, а даночниот број му бил истечен.

Како што пишува италијанскиот весник „Кориере Адријатико“, по еден месец бирократски компликации, официјалните лица минатиот петок рекоа дека може да ги повлечат парите.

„За да ги соберете добивките ви треба здравствен сертификат, но јас немам. Имам само стар даночен број кој е неважечки“, рече Џанлуиџи, додавајќи дека сам ќе располага со освоените пари и дека сепак сака да остане „невидлив“.

На 24 октомври Касано доби премија на лотото 4+1 со уплата на 1,50 евра за тикетот.

Џанлуиџи е по потекло од Апулија. Оние кои го познаваат во неговиот роден град Сенигалија, познато летувалиште, му го дадоа прекарот Касано по поранешниот напаѓач на Рома и Италија, Антонио Касано, кој е роден во градот Бари.

Приказната за среќата се најде на насловните страници на италијанските весници и портали, токму поради фактот што наградата ја доби бездомник.

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН УРАГАН ЈА УНИШТИ АМЕРИКА, ДРУГ СТИГНА ВО ЕВРОПА: застрашувачко предупредување, метеоролозите никогаш не го виделе ова

ЕДЕН УРАГАН ЈА УНИШТИ АМЕРИКА, ДРУГ СТИГНА ВО ЕВРОПА: застрашувачко предупредување, метеоролозите никогаш не го виделе ова

Блумберг: 14 земји-членки на НАТО ги зголемија трошоците за одбрана на невидено ниво по падот на комунистичките режими

Блумберг: 14 земји-членки на НАТО ги зголемија трошоците за одбрана на невидено ниво по падот на комунистичките режими

Пилот на Туркиш Ерлајнс почина за време на лет од Сиетл до Истанбул

Пилот на Туркиш Ерлајнс почина за време на лет од Сиетл до Истанбул

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи