Кога Уставен ќе ја оценува уставноста на СЈО?
Објавено во: Македонија 27 Септември, 2016
Претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева, денеска за телевизија 24 Вести кажа дека иницијативата за оценување на уставноста на Специјалното јавно обвинителство пред судиите ќе се најде тогаш кога ќе биде време.
Гошева не сакаше да прецизира кога ќе биде тоа, ниту пак сакаше да ги коментира барањата на „Шарената револуција“.
Едно од клучните барања на „Шарената револуција“ е Уставен суд да се произнесе за уставноста на СЈО.
Иако се очекуваше оваа точка да се разгледа веднаш по одморите, сепак тоа не се случи.