Кога вашето тело најдобро го апсорбира железото?
Објавено во: Стил 08 Октомври, 2014 09:10
Во организмот на бебето се присутни 0.5 грами на железо, додека во организмот на возрасните 5 грама.
Дневно, нашиот организам апсорбира околу 10 милиграми, што пак е околу 10 проценти од вкупното железо кое се внесува преку храната.
Намирници кои се богати со железо се:
Месото, рибата, црниот дроб, јајцата, цвеклото, леќата, спанаќот, грашокот...
Значајно е да се истакне дека 85 проценти од железото кое го внесуваме во организмот е таканаречено – нехемиско железо, односно тоа е железото кое се внесува преку растителните и млечните производи.
Останатите 15 проценти отпаѓаат на хемиското железо, кое го примаме преку рибата и месото.
Значајно е да се напомене дека хемиското железо има два до три пати поголема апсорбтивна моќ од нехемиското железо, па така, доколку е пореметена рамнотежата во исхраната може да настанеанемија.
Ќе напоменеме дека супстанци кои ја поттикнуваат апсорбцијата се витаминот Ц и цитратите, но има и инхибитори, кои ја оневзможуваат апсорбцијата, а тука пред се треба да се спомене кофеинот.
Па така, кога е присутна анемија и кога додаваме одредени суплементи во исхраната за покачување на железото, треба да се внимава, да не се комбинираат суплементите или храната богата со железо заедно со инхибиторите како што е кофеинот, целулозните влакна и.т.н.
Можеби е најдобро железото, доколку се внесува како суплемент, тоа да се прави навечер, два до три часа по последниот оброк.
И.Р
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





