07 Мај, 2024
0.0235

Кога Венецуела ќе кивне, Никарагва настинува

Објавено во: Анализа 20 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

35 години Лаура Естела Локлер служи сладолед во локалот Chupi's - првата слаткарница за шербет во северниот планински град Матагалпа. Зад трите хромирани маси светат флуоресцентни светилки над неколку замрзнувачи со стаклени капаци. "Претходно имавме осум маси. Поради скапата струјата сепак не можевме да продолжиме со истиот начин на работа ", раскажува Локлер. Таа почнала да дава под наем дел од просторот на компанија за мобилни телефони, но дури поделбата на сметките за комунални услуги и инвестицијата во помали замрзнувачи не ги намалило значително високите нејзини трошоци за електрична енергија, достигнувајќи околу 225 долари месечно. Речиси половина од електричната енергија на Никарагва се произведува од венецуелска нафта, која долги години беше силно субвенционирана. Во замена за тоа Венецуела го освои политичкото влијание. Минатата година сепак светските цени на нафтата паднаа, а незначителните камати кои Венецуела ги бараше од Никарагва, се зголемија. Тоа значи дека финансиските проблеми на Никарагва всушност се продлабочија, иако нејзините соседи, увозници на нафта, натрупуваа значителни заштеди. Сега многумина ја притискаат земјата да ја намали својата зависност од богатиот со нафта пријател и да се подготват за нова ера - оној кој носи политички ризици, бидејќи ќе има помалку средства за клучни субвенции и социјални програми. "Нафтениот договор е стабилно, но според мене иднината не е", истакнува независниот аналитичар Нестор Авендано. "Владата не беше транспарентна по прашањето за долгот и така станува потешко да се разбере суштината на буџетскиот колапс, со кој се соочува Никарагва", додава тој. Нафтена зависност Трошоците за енергија во Никарагва одамна се високи поради голем број причини, посочува економистот Хуан Себастијан Чаморо, директор на Фондацијата Funides која го промовира економскиот и социјален развој во земјата. Никарагва е мала економија и една од најсиромашните земји во западната хемисфера - со ниска побарувачка за енергија и неефикасна електрична мрежа, задолжена од нелегални врски. Клучен фактор сепак е никарагуанската зависност од нафтата. Од осум години Никарагва е партнер во Petrocaribe - договор со Венецуела, вклучувајќи уште 12 земји од Латинска Америка и Карибите. Никарагва плаќа за венецуелската нафта однапред, делумно кеш или со стоки како кафе и грав и може да ги забави останатите исплати до 25 години со каматна стапка од само 1%. "Дури и со напредок во развојот на обновливите извори на енергија, заостануваме од другите земји во Латинска Америка", вели Чаморо. Блиските односи на Никарагва со Венецуела во последните неколку години дозволија на никарагуанските власти да натрупаат политички поени дома. Заработката од продажбата на венецуелска нафта со повисоки цени на локалниот пазар помогна на владата да финансира некои клучни социјални програми, како и субвенции за енергија и транспорт. Како резултат на промените на светскиот пазар на нафта сепак никарагуанскиот долг кон Венецуела брзо порасна. Наместо да се префрли товарот врз потрошувачите, во последните девет месеци никарагуанската влада ги плаќа своите обврски кои економистите ги проценуваат на 200 милиони долари. Некои експерти ја поддржуваат одлуката на владата да се концентрира на долгот, но многумина велат дека е крајно неопходно да бидат намалени трошоците за енергија за домаќинствата и компаниите. Други, пак, истакнуваат дека треба да се најде повеќе одржливи решенија за програмите за намалување на сиромаштијата. "Ова ново сценарио предизвика стравувања дали Владата може да ги поддржува социјалните програми", вели Аделмо Сандино, истражувач во Никарагуанскиот институт за стратешки студии и државна политика. Болни сметки за струја Алваро Кастро Монталбан е меѓу 85-те проценти никарагуанци кои добиваат субвенција за електрична енергија - помош, финансирана од Petrocaribe. Овие субвенции и другите социјални шеми како програмата за борба против сиромаштијата, нудејќи бесплатен добиток на сиромашни семејства, и помошта за домаќинства со пониска потрошувачка на електрична енергија, се дел од активностите на Petrocaribe во Никарагва. Монталбан развива заедничка работилница на главната трговска улица на Матагалпа и енергетската субвенција доаѓа од фондовите на Petrocaribe. Иако има помош сепак сметките му се сеуште ужасни високи. "Секогаш се трудам да заштедам, колку што е можно повеќе. Имам прозорец на покривот, па не мора да користам електрично осветлување, а машината за шиење ја користиме ретко", раскажува тој. Ако потрошувачката на електрична енергија е над субвенционираниот лимит од 150 киловати, неговата сметка отскокнува над два пати и тогаш тој вели дека станува потешко да врзе крај со крај. Владата не објавува детални информации за венецуелските пари кои ги користи за социјални програми. "Имаме голем проблем со венецуелската помош и тоа е дека информациите не се транспарентни или достапни за јавноста", вели Сандино. Во 2014 година парите кои Владата на Никарагва ги добила од Венецуела, за да финансира социјални програми, биле со 22 отсто помалку во однос на 2013 година, покажуваат податоците на никарагуанската централна банка. Според Сандино оваа година падот може да достигне 40%, ако цените на нафтата останат ниски. Во 2009 година Владата соопшти дека над еден милион луѓе добивале субвенции за јавниот превоз, финансирани од Petrocaribe. Под притисок на бизнисите и потрошувачите неодамна Владата усвои закон кој се очекува да ги намали тарифите за струја со 8 до 10%. Законот меѓутоа исто наведува категорично дека долгот кон Petrocaribe ќе биде вратен и корисниците се скептични дали ќе бидат направени значителни заштеди. "Значи владата се обидува да го компензира намалувањето на парите од Венецуела", забележува Сандино. К.К.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад