27 Април, 2024
0.0270

Кои фирми „газат“ во Куманово?

Објавено во: Економија 29 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Најголемите четири кумановски компании се во целосна или мнозинска сопственост на семејството Каранфиловски. Тие фирми заедно во 2018 година оствариле промет од сто милиони евра. Во најголемите десет кумановски компании се уште пет трговски фирми и по еден производител на млечни и еден производител на месни производи. Кои се најголемите кумановски газди?

„ДЕТ ОИЛ“ е најголемата кумановска компанијата. Таа се занимава со трговија на мало со моторни горива и масла која лани остварила приход вреден 42 милиони евра. Оваа компанија лани остварила профит од 1,6 милиони евра. Сопственици на „ДЕТ ОИЛ“ се браќата Тони и Дејан Каранфиловски.„ДЕТ ОИЛ“ е ко-сопственик во кумановската фабрика за заварени цевки и профили „11 Октомври“ и во компанијата „Рапид Билд“ која учествува во градбата на националниот гасоводен систем. „ДЕТ ОИЛ“ е компанија која , според наши сознанија, е основана 1993 година до браќата Каранфиловски и нивниот татко Гроздан.

„Квалитет Пром“ лани оствари приход од 26,4 милиони евра и е втора кумановска компанија според остварен приход по „ДЕТ ОИЛ“. Дејноста на „Квалитет-Пром“ е трговија на големо со дрва, градежен материјал и санитарии. Лани оваа фирма остварила профит од 2 милиони евра.

„Рапид Билд“ фирма регистрирана за изградба и во јавноста позната како изведувач на дел од националниот гасоводен систем. Оваа кумановска компанија лани остварила приход од 16,4 милиони евра, а од нив 2,23 милиони евра е профит.

Преку горенаведените фирми Каранфиловски ја поседуваат и единствената македонска индустрија за заварени цевки и профили ФЗЦ „11 Октомври“ од Куманово Лани таа компанија остварила приход од 24 милиони евра и загуба од 1,1 милиони евра.

Трговската компанија „Метал Нет“ е петта на листата кумановски компании според остварен приход кој во 2018 година изнесувал 15,2 милиони евра, а добивката изнесувала 950.000 евра. Сопственици на оваа фирма специјализирана за трговија со метална стока се Бобан Михајловски и Сашо и Горан Тодоровски.

Следува најпозната кумановска месна индустрија Екстра Меин сопственост на Благоја Бајдески. Приходот од нивните производи лани достигнал 10,2 милиони евра, а добивката изнесувала 851.000 евра.

Прва под маргината за остварен приход од 10 милиони евра е трговската компанија Јуниор ДООЕЛ специјализирана за трговија на големо со дрва, градежен материјал и санитарна опрема. Оваа фирма чиј сопственик е Митко Николовски лани остварила приход од 9,1 милиони евра и приход од 700.000 евра.

Нејзиниот конкурент е МЕГА сопственост на Виолета и Оливер Бојковски. Оваа трговска компанија остварила приход од 7,1 милиони евра и добивка од 1,37 милиони евра.

Најпознатиот кумановски јогурт и сирење го прави Бучен Козјак фирма сопственост на Слободан Стојковски и Снежана Станојковиќ. Приходот на оваа позната млечна компанија во 2018 година изнесувал 6,9 милиони евра, а профитот 470.000 евра.

Специјализираната компанија за трговија со електрични апарати Алфи Би остварила приход од 6,6 милиони евра и добивка од 600.000 евра. Компанијата на Гоце Серафимовски има најдобра профитна маргина од сите погоре наброени компании кои имаат поголеми приходи.

Во групата најголеми кумановски компании се и Хромак и Делукс Ауто. И двете оствариле приход од 6,4 милиони евра. Поуспешна е првата компанија која се занимава со трговија на големо со хемиски производи и нејзиниот профит е 1,2 милиони евра. Компанијата на Бобан Спасовски, во јавноста позната по тоа што доби неколку државни тендери за продажба на возила од гамите на Шкода и Волксваген оствари профит од 570.000 евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот