Кои фирми ги вртат најголемите пари во Македонија?
Објавено во: Економија 26 Октомври, 2018 09:28
На листата најголеми компании според остварените приходи владее силно изразена исклучивост. Прворангираната, седморангираната и деветорангираната се три странски инвестиции (гринфилд) кои се тука само физички и немаат допирна точка со македонската економија затоа што се оди во извоз. Компаниите рангирани од второто до шестото место како и тие поставени на осмо и на девето место се ориентирани исклучиво или доминантно на македонскиот пазар и меѓу нив нема ниту една извозно ориентирана домашна компанија. Во најголемите десет компании има една државна фирма и една доминантно поседувана приватна домашна фирма
Официјалната листа на најголемите македонски компании според остварени
приходи покажува дека најголемите пари се вртат во бизнисот на нафта и нафтени
деривати, бизнисот со електрична енергија и телекомуникациите.
Убедливо најголема компанија во Македонија, која е вон конкуренцијата и има само статистички импакт врз македонската економија е гигантот Џонсон Мети компанија која внесува компоненти па проиведува и извезува авотмобилски катализатори. Таа компанија лани има приход од 1,48 милијарди евра.
Најголеми македонски компании , според остварените приходи лани се: ЕВН Македонија и скопската компанија ОКТА. За нијанса поголеми приходи лани остварила ЕВН Македонија и тие достигнале 387,5 милиони евра. ЕВН Македонија е фирма мајка на ЕВН Електродистибуција (компанија која оперира со дистрибутивниот електроенергетски систем) и која исто така се наоѓа во најголемите 10 македонски компании со остварен приход од продажба во износ од 146,8 милиони евра.
ОКТА лани остварила приход од 375,9 милиони евра и е најголем продавач на нафтени деривати во земјава. Најголемата компанија во сопственост на домашни акционери е „Макпетрол“ и таа е четврторангирана со промет од 304 милиони евра. Воедно „Макпетрол“ е еден од најголемите клиенти на ОКТА. На листата има само една државна компанија. Тоа е ЕЛЕМ, најголемиот македонски производител на струја кој има приход од 218,3 милиони евра. Најголемиот телекомуникациски оператор „Македонски телеком“ лани оствари приход од 168,6 милиони евра. На седмото и на деветото место се извозно ориентираните странски фирми „Кромберт и Шуберт“ со приход од 150,97 милиони евра и производителот на автобуси „Вах Хол“ кој остварил приход од 134,4 милиони евра. Во друштвото на најголемите 10 компании е македонската филијала на слвенечкиот регионален гигант за трговија со струја „ГЕН-И Продажба на енергија“. Оваа компанија лани остварила приход 122,2 милиони евра и најголем дел од тие средста се од електрична енергија која транзитира низ Македонија.
Честа на домашно-поседувани извозно ориентирани компании на листата на 100 најголеми македонски фирми ја брани „Алкалоид“ со приход од 113,6 милиони евра.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра




