Кои градови се разбудија со минусни температури?
Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2016
Повеќе македонски градови утрово имаа температури под нулата.
Маврово, Берово, Крушево, Ѓуриште, Тополчани, Крива Паланка, Лазарополе и Пожаране имаа минусни температури.
Во Маврово се измерени -7 степени, во Берово -5, во Крушево – 4, Ѓуриште и Тополчани -3, Крива Паланка, Лазарополе и Пожаране -2, во Штип, Виница, Струмица, Прилеп и Куманово нула, во Скопје, Битола, Охрид, Претор и Дебар еден, Тетово 2, Демир Капија 3, Дојран 4 и Гевгелија 5.
Во текот на ноќта зголемена облачност имаше на крајот од ноќта на запад и северозапад. Утрово е претежно сончево на југоистокот од земјата. На повисоките места и долж Повардарието дува умерен северен ветер.
Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со сончеви периоди. Температурата ќе се движи од 5 до 11 степени.
Во Скопје ќе биде умерено до значително облачно со слаб до умерен северен ветер и доста студено преку денот. Температурата до 6 степени.
До средината на работната недела ќе се задржи променливо облачно повремено со подолги сончеви периоди. Во вторник на крајниот југозапад ќе има појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер и утринските температури на повеќето места ќе бидат под нулата. Од четврток ќе дува претежно југоисточен ветер, а температурите ќе бидат во постепен пораст. Нови врнежи може да има на крајот на следниот викенд.