Кои ќе бидат надлежностите на поранешниот министер и двајцата професори во Советот на Народна банка
Објавено во: Економија 27 Јануари, 2021
Поранешниот министер за финансии Никола Поповски и професорите Борче Треновски и Марјан Петрески се владините предлози за нови неизвршни членови на Советот на Народната банка на Северна Македонија. Тие во ова тело ќе имаат мандат од седум години. Предлогот беше соопштен по владината седница вчера. Советот патем е орган кој управува со Народната банка и е главно тело за одлуките кои произлегуваат од оваа независна институција која пак ја креира монетарната политика во државата.
Советот на Народната банка се состои од девет члена од кои еден е гувернерот, а три се вицегувернери и тие имаат статус на извршни членови. Останатите пет членови се неизвршни членови.
„Советот на Народната банка е задолжен за дефинирање и формулирање на политиките и
контрола на спроведувањето на политиките и надзор на работењето на Народната банка. Гувернерот на Народната банка претседава со Советот на Народната банка, има главна
извршна функција во Народната банка и е задолжен за нејзиното секојдневно работење. Вицегувернерите му помагаат на гувернерот во извршувањето на секојдневните работи. Неизвршните членови учествуваат во одлучувањето на Советот на Народната банка, стои во Законот за Народната банка.
Советот има низа овластувања и задачи меѓу кои дефинирање и усвојување на монетарната политика и политиката на девизен курс на Народната банка. Советот го дефинира режимот на девизен курс и ги формулира и донесува политиките на Народната банка во врска со извршувањето на нејзините задачи и усвојува интерни правила за нивна примена. Ова тело го донесува и Контниот план за банките во согласност со закон.
Членовите на Советот на Народната банка се именуваат со мандат од седум години со право
на повторен избор. Неизвршните членови на Советот на Народната банка ги именува Собранието на предлог на Владата. Во Законот пишува дека член на Советот на Народната банка може да биде лице, државјанин на Македонија, кое има соодветна репутација, најмалку високо образование и соодветно
професионално или академско искуство на полето на економијата, финансиите, банкарството или
правото.
А.Т.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.