Кои македонски фирми добија најмногу пари од ЕУ во 2021?
Објавено во: Економија 10 Декември, 2021 07:25
Уни Агро е добитникот на најголемата исплата на грант годинава преку ИПАРД-програмата која ја спроведува платежната Агенција за поддршка на земјоделието и руралниот развој.
Велешката компанија во 2019 започна со инвестирање во фабрика за сточна храна и за тоа доби годинава неповратни 51.639.594 денари.
Агроандика од Ростуше, која пред две години започна со изградба на гостинскиот конак кај Бигорскиот манастир, е на второто место со исплатени 35.531.935 денари. На третата позиција е Јоки Комерц, компанијата позната по своите иновации во Живинарската фарма Долнени, со поврат на 26.449.947 денари.
Парите се добиваат за инвестиции како од типот: систем капка по капка, модернизација и реконструкција на фарми, преработка на производи, алтернативно земјоделско производство, пчеларство, но и изградба на хотели во рурални средини и области вон град.
- Откако ќе започне реализацијата на инвестицијата, ние континуирано вршиме контроли како таа се спроведува. На крајот, најмалку половина од вложените средства се исплаќаат назад, а најмногу тие можат да бидат 65 отсто, вели Никица Бачовски, директорот на платежната агенција.
Годишно има и до 90.000 апликанти. Агенцијата за поддршка на земјоделство и рурален развој парите ги исплаќа откако ќе заврши инвестицијата, со која не смее да се започне пред да биде постигнат договорот.
Историски гледано, досега рекордна сума преку ИПАРД има повлечено преработувачкиот капацитет за месо „Подгорка“ од Струга, која во 2019 доби 2 милиони евра.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




