18 Мај, 2024
0.1011

Кои можат да бидат ризиците пред светскиот економски раст?

Објавено во: Анализа 17 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Глобалната економија ќе се прошири со 3,2% во тековната година, со 3,5% следната и со 3,6 отсто во 2016 година Такви се прогнозите на Светската банка. Меѓународниот монетарен фонд вети дека исто така ќе ги  ревидира во насока нагоре очекувања за подемот на светската економија. Прогнозите се оптимистички. Пет години по почетокот на финансиската криза земјите започнаа и извршија доза на реформи кои се чини дека се исплаќаат. Како целина и во последните месеци и квартали преовладуваат добрите макроекономски податоци од САД, Еврозоната, Јапонија, а зошто не и Кина. По се изгледа дека растот ќе се врати по долгите години на фискални ограничувања. Погледите се вперени токму во најголемите економии . Во САД политичарите успеаја да се договорат за финансирањето на Владата во наредните две години , еврозоната полека но крева  глава , Кина презеде нов модел за економски раст . Дури и според економистот со најмрачните прогнози Нуриел Рубини заканите од контракција на растот во еврозоната , од уште едно делумно блокирање на американската влада , од тековната битка за зголемување на плафонот на долгот на САД , од тешко приземјување во Кина ќе бидат ублажени. Во новата година Федералните резерви на САД ќе почне непречено да ги  повлекуваат квантитативните олеснувања . Централните банкари дадоа барање дека барем до 2015 година каматните стапки ќе останат ниски . Токму тоа беше идејата на политиката на ФЕД - преку ниските камати да стимулира ризичните инвестиции , како што се инвестициите во обврзници и акции на пазарите во развој . Во мај 2013 година бевме сведоци како конотираше  ФЕД по  прекинот на програмата , предизвика остри реакции кај инвеститорите. Следеше одлив на капитал од земјите во развој . Дали тоа ќе се повтори - зависи од тоа како ФЕД ќе комуницира со пазарите. На декемвриски состанок централните банкари покажаа дека сепак умеат да емитуваат позитивни сигнали . Факт беше дека пазарите ја примија мирно веста за редукција на купувања на обврзници со 10 милијарди долари. Ако сепак ФЕД ги  укине нагло каматните стапки, одливот на капитал исто така може да се забрза, а тоа ќе ја деформира глобалната економија. Ревитализација на развиените економии ќе се одрази позитивно на извозот на земјите во развој . Заканите за глобалниот економски раст доаѓаат од дефлацијата , високата невработеност, планините од долгови на некои земји , огромните девизни резерви на трети ... Заздравувањето во еврозоната е се уште кревко. Ранливоста на пазарите во развој - вклучувајќи и срамежливите обиди на Кина за ребаланс на економијата - може да се претвори во пречка за светскиот раст во наредните неколку години. Пазарот на трудот - претстои тој да го испита позитивното влијание на се поголемата  наплата. Ако тоа се постигне, навистина ќе можеме да тврдиме дека светската економија закрепна од финансискиот крах од 2008 година.   K.K.