05 Декември, 2025
0.2765

Кои независни кандидати станаа градоначалници?

Објавено во: Анализа 16 Октомври, 2017 07:59

Добивај вести на Viber

На овие локални избори независните кандидати не добија доволно внимание како од медиумите, така и од гласачите, но во битката со големите партии неколку независни кандидати успеаја да победат уште во првиот круг и да ја освојат локалната власт во нивните општини.

Според последните пресметани официјални податоци на ДИК со сигурност може да се констатира дека независниот кандидат Ивица Тошевски е победник во општина Ранковце со освоени 58,27% од гласовите од сите избирачки места пред неговиот противкандидат Роберт Симоновски од ВМРО-ДПМНЕ кој освоил 37%,93% од гласовите. Вкупно Тошевски има 1472 гласа, додека поразениот Симоновски само 958 гласови во општина Ранковце. 

Следен победник меѓу независните кандидати е  Јован Пејковски кој по трет пат победува во општината Чучер Сандево лоцирана на Скопска Црна Гора. Чучер Сандево е уникатна општина во Македонија со дури двајца независни кандидати, како и еден од НДМ партијата на Јанко Бачев. Пејковски трет пат победува со 51,40% од гласовите или вкупно 2486 гласови, а за малку неуспешен е Горан Чекаловиќ со 41,51% или 2008 вкупно гласови. Трет е независниот кандидат Ацо Поповски со само 54 освоени гласови.

Трета општина каде ниту води ниту победува некоја од големите политички партии е Могила каде исто така има трка меѓу тројца кандидати. Од нив води независниот Стево Пивковски со 38,06% или 1415 вкупно освоени гласови, зад него е Јасмина Гулевска од СДСМ со 35,31% или 1313 вкупно добиени гласови, додека пак на третото место е Зоранче Сакурмовски од НДМ со 23,45% или 872 гласови. Овде најверојатно ќе биде потребен втор круг каде одат Пивковски и Гулевска за да го решат конечниот победник на изборите во општина Могила.

Втор круг најверојатно ќе одлучува и во општина Брвеница каде во водство е независниот кандидат Енвер Пајазити со освоени 32,51% или 2374 вкупно гласови, пред Стојан Тодоровски од ВМРО-ДПМНЕ кој има 1856 гласови и 25,42% од гласачкото тело. Стојановски СДСМ и Јусуфи од БЕСА ја завршуваат градоначалничката трка, но нивните гласови може да бидат пресудни за вториот круг на гласање.

Само да потенцираме дека оваа анализа не е направена со цел да ги „пофали“ самите кандидати од кои некои и по трет пат освојуваат мандати бидејќи зад дел од нив има бројни скандали и различни обвинувања, па дури и кривични дела, додека пак некои од нив за прв пат имаат шанса да водат локална власт.

Автор: Христијан Станоевиќ


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени