15 Мај, 2024
0.0253

Кои се домашните компании што направија профит од 130 милиони евра за пола година?

Објавено во: Економија 17 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Профитот на 72 друштва чии акции котираат на берзата пораснал за 60 отсто во споредба со лани и достигнал 130 милиони евра. Најдобрите три се банки и тие заедно имаат 55 отсто од профитот на сите 72 компании

Седумдесет и две (72) домашни компании чии акции котираат на берзата за половина година оствариле добивки во вкупен износ од 129,84 милиони евра, покажуваат официјалните податоци што ги објави Македонската берза за хартии од вредност кои можете да ги превземете на овој линк.

Трите најголеми деловни банки: „Стопанска банка Скопје“, „Комерцијална банка“ и НЛБ Банка се убедливо најуспешните домашни компании во првата половина од годинава. Тие три банки задно имаат добивка од 71,6 милиони евра што е повеќе од половина од нето добивката на сите 72 друштва или поточно 55,14 отсто од целиот остварен профит на котирани компании во првата половина од годинава.

 Официјалните податоци од финансиските резултати на котирани друштва ја потврдуваат анализата на „Фактор“ објавена на 27 август во кој врз база на објавени податоци направивме ранг листа на најдобитните македонски компании на која водеа трите најголеми банки. Сега уште еден додатен аргумент за нивната пазарна доминација: „Стопанска банка Скопје“, „Комерцијална банка“ и НЛБ Банка заедно учествуваат со 55 отсто во профитот што го направиле 72 акционерски друштва чии акции се котирани на берзански пазари. Текстот на „Фактор“ може да го видите на следниот линк Кој ги прави најголемите пари во Македонија?

Од јавните достапни податоци е многу важно да се истакне дека нето добивката на котираните компании годинава е за 49 милиони евра повисока од истиот период лани! За првата половина во 2017 година 72 компании оствариле добивка од 80,84 милиони евра, а годинава таа е за 60 отсто повисока од лани.


Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри