Кои се господарите на војната? Пет држави прават 75 oтсто од светскиот извоз на оружје!
Објавено во: Економија 14 Март, 2024 07:34
„Војна е девојка која нема милост ниту за еден свој љубовник“, стих од една убава македонска рок песна кој ја отсликува апсолутната вистина. Но, тоа е само едното лице на вистината, другото е тоа на државите производители и извозници на оружје. А историјата на војувањето покажува дека тие што знаат и можат да произведуваат тешки оружја секогаш ја добиваат војната!
Соединетите американски држави, Франција, Русија, Кина и Германија. Ова големата петорка на најмоќно во светот извозници на оружја за масовно уништување. Борбени авиони и хеликоптери, системи за противоздушна заштита, системи за наведување на боеви глави, гранати, тенкови и топови, озлогласените ХИМАРС системи за масовно уништување... и што ли уште не.
Овие држави се најголемите светски извозници на оружја за масовно уништување. Светската листа цело време неприкосновено ја предводат САД кои се најголеми извозници на оружја. Учествуваат со 42 отсто во целиот светски извоз на оружја во периодот 2019 -2023 година.

Новитет и изненадување за сите познавачи е тоа што втора не е Русија, туку Франција. Францускиот извоз на оружја пораснал за 47 отсто во периодот од 2019 до 2023 година во однос на претходните четири години односно периодот 2014-2018 година.
Очигледно дека Франција најмногу заработила од руската агресија во Украина. Затоа што сега руската наменска индустрија има приоритет да ја снабдува својата војска на украинската фронтовска линија долга нешто над 1.000 километри.

Русија во светскиот извоз учествува со 11 отсто, а нејзиното учество е преполовено затоа што во периодот 2014 – 2018 во глобалниот извоз учествувала со 21 отсто.
Во големата петорка се уште Кина и Германија но нивното заедничко учество е како една Франција или Русија.
Најголем светски увозник на оружје е Индија, а Украина во периодот 2018-203 учествувала со 4,9 отсто што е зголемување од 6.633 отсто во споредба со периодот 2014-2018 година, а видовме и зошто било така.
Сите детали за господарите на војната во извештајот на шведскиот реноминан институт СИПРИ на следниот линк https://www.sipri.org/sites/default/files/2024-03/fs_2403_at_2023.pdf
Р.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




