24 Јуни, 2018
0.4172
    ALK 8331.04    0.37%     BESK 9899    1.01%     COMA 306    0%     GRNT 848.09    2.11%     KMB 5322.64    1.79%     MPT 43620.21    5.11%     MTUR 4790.91    1.94%     OHB 6376.92    -0.37%     OKTA 4747    9.98%     POPK 15    7.14%     RMDEN16 95.5    0%     RMDEN17 95.6    0.21%     RZLV 82.6    1.98%     RZUS 149.5    6.03%     STB 981.83    1.27%     STBP 896.62    0.28%     STIL 153.87    3.97%     TETE 2299.91    0.45%     TNB 13946.7    1.16%     TPLF 1113    -9.95%     TTK 1030.25    2.55%     UNI 2618.83    8.01%     ZILU 262.98    2.73%

Кои се градоначалниците кои го обелија образот на ВМРО-ДПМНЕ?

Објавено во: Анализа 25 Октомври, 2017

ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на локалните избори на 15 октомври го доживеа досега еден од најтешките порази во својата историја и многумина актуелни градоначалници не ја добија довербата за нов мандат, додека пак новите кандидати кои дојдоа во општини каде партијата веќе имаше власт не успеаја да ги задржат своите гласачи. Затоа пак, во три општини во околината на Скопје ВМРО-ДПМНЕ успеа да издвојува утешни победи кои на партијата и донесоа нов четири годишен мандат за управување на Петровец, Илинден и Сопиште.

Борче Митевски ја издвојува најубедливата победа за ВМРО-ДПМНЕ на овие избори доколку се земе во предвид освоениот процент на гласачкото тело од над 60% во првиот круг. Митевски по трет пат ќе има можност да управува со општина Петровец која најмногу е позната по тоа што на нејзина територија се наоѓа аеродромот Александар Велики, како и повеќе индустриски комплекси. Токму затоа без оглед што Петровец е на „периферијата“ на Скопје е доста значајна општина со солиден буџет. Митевски во досегашните два мандата се пофали со изградба на системи за канализација и водовод, изградба на спортски терени и нови улици, ново училиште и нова градинка, како и сервисирање на индустриски зони во кои тој се надева дека ќе влезат нови странски инвеститори со изградба на фабрики како извор на повеќе работни места. Според него во осумте години на негово владеење во Петровец влегле 130 инвеститори, а најави и изградба на хотели околу аеродромот. Тој во првиот круг го порази Звонко Цветковски од СДСМ иако во кампањата имаше тврдења дека се обидел да изврши поткуп на гласачи. Митевски ваквите обвинувања жестоко ги негираше и тврдеше дека граѓаните знаат дека е чесен и вреден политичар.

Жика Стојановски е рекордер меѓу македонските градоначалници бидејќи е еден од ретките што успева по четврти пат да ја води општина Илинден бидејќи како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг ја порази Мартина Ивковска од СДСМ со огромна разлика. Илинден е поголема општина од Петровец и е доста слична во смисла дека се наоѓа на периферијата на Скопје со повеќе индустриски капацитети и важни инфраструктурни точки. Стојановски во дванаесетгодишното владеење со општина Илинден се пофали со реализација на повеќе проекти како кои му донесоа четврта победа по ред како што се отворање на повеќе стотици работни места преку влез на стотина инвеститори од кои голем дел се во индустриските зони во општината и имаат странски капитал. Стојановски исто така тврди дека невработеноста ја симнал од 38% во 2008 на само 6% во 2017 година. Градоначалникот Стојановски досега не го следеа големи политички скандали и успева лесно да ја добие довербата на гласачите ветувајќи дополнителна урбанизација на Илинден.

Триумфиратот во Скопската котлина го заокружува Стефче Трпковски кој во првиот круг успеа да го надмине предвидениот услов од минимум 50% отсто од гласачкот тело и за нијанса го победи Далибор Богдановски од СДСМ со што ќе има можност по втор пат да ја води општина Сопиште која е најмала во оваа група на општини, но е доста значајна. Трпковски за првиот мандат вети изградба на водовод од селото Патишка река до новата населба Сончев град но, тој проект се уште не е финиширан иако беше предвидено да се комплетира уште лани. Водоводот кој е наменет за десетина населени места доцни поради имотно-правни прашања. Трпковски се пофали инаку со решавање на проблеми преку вложување во инфраструктурата, изградба на патишта, зафаќање на нови извори, изградба на водоводна и канализациска мрежа, нова урбана опрема, забавни паркови за најмладите и спортски терени. За следните четири години вети отворање на детска градинка во Сопиште, реконструкција и доградба на улици, канализациона мрежа и проекти согласно финансиските можности на општината.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА: Со просечна плата до нов автомобил?

НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА: Со просечна плата до нов автомобил?

Колку пари ќе собере државата од повисокиот персоналец и зошто и требаат

Колку пари ќе собере државата од повисокиот персоналец и зошто и требаат

Колку пари ќе не чини првата 30 годишна државна обврзница?

Колку пари ќе не чини првата 30 годишна државна обврзница?

Што ги зголеми заштедите: Банките чуваат 5,6 милијарди евра

Што ги зголеми заштедите: Банките чуваат 5,6 милијарди евра

Потрошувачките и станбените кредити забрзано растат: Колку им должиме на банките

Потрошувачките и станбените кредити забрзано растат: Колку им должиме на банките

Ексклузивно: Владата ќе наплаќа данок на каматите на заштедите, а еве за колкави приходи ќе плаќаме повисок „персоналец“

Ексклузивно: Владата ќе наплаќа данок на каматите на заштедите, а еве за колкави приходи ќе плаќаме повисок „персоналец“

СЕ КРЧКА ЗАКОНОТ: Колкави треба да ви се приходите за да плаќате повисок данок?

СЕ КРЧКА ЗАКОНОТ: Колкави треба да ви се приходите за да плаќате повисок данок?

Како „Кам Маркет“ го изеде “Тинекс“?

Како „Кам Маркет“ го изеде “Тинекс“?

Како „газат“ големите ланци на супермаркети?

Како „газат“ големите ланци на супермаркети?