01 Септември, 2024
0.0248

Кои се капиталните проекти на Градот Скопје во следните три години?

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Катни гаражи, изградба на улици и булевари, системи за отпадни води, трамвај, реконструкција на фасади, ова се дел од клучните проекти во кои Градот Скопје ќе инвестира во следните три години. Катни гаражи Околу 8,7 милиони евра Градот планира следната година да потроши за изградба на катни гаражи. Во 2015 година за оваа намена се планирани над 3,2 милиони евра, а следната 2016 година околу 1,6 милиони евра. -Примарна цел на проектот е повеќекратно зголемување на бројот на паркинг места во оној дел од градското ткиво кое претрпува најголемо оптоварување со динамички и стационарен сообраќај. Ефектите од изградбата на катните гаражи се повеќекратни, пред се во зголемување на безбедноста во сообраќајот заради намалување на бројот на паркирани возила по тротоарите и улиците во централното градско подрачје, стои во образложението од Градот Скопје. Улици За потпрограмата за изградба на магистрални и собирни улици со Буџетот за 2014 година се планирани вкупно над 9,6 милиони евра. Дел од од овие пари односно 8,5 милиони евра ќе се обезбедат од основниот буџет, а за останатите нешто повеќе од еден милион евра Градот ќе се позајми од банките. Во 2015 година парите за оваа намена ќе издвојат повеќе пари односно околу 36 милиони евра, а за 2016 година над 30 милиони евра. Со оваа програма е предвидено подготвување на проекти на улици, изградба на автобуски постојки и стојалишта, изградба на подземна сообраќајница, изградба на надвозници,реконструкција на улици и булевари, реконструкција на мостови и реконструкција на тротоари. Во планираните пари за сите три години се вклучени и средствата за изградбата на подземната сообраќајница. -Целта на потпрограмата е подобрување на сообраќајот на подрачјето на Град Скопје, преку реализација на сообраќајните решенија за магистралните и собирните улици согласно ГУП на Град Скопје и соодветните ДУП-ови. Со реализација на оваа потпрограма ќе се обезбеди поголема проодност на возилата, како и побрзо и подобро сообраќајно поврзување на подрачјето на градот, образложуваат од Градот. Фасади Реконструкцијата на фасадите на зградите во централното градско подрачје ќе продолжи и во следните три години. За таа намена со Буџетот за 2014 година се предвидени близу 2,3 милиони евра, во 2015 година нешто помалку близу 2,3 милиони евра, а во 2016 година 2,1 милиони евра. Фасадите на зградите се реконструираат во неокласичен стил. -Целта на оваа активност е да се изврши обновувањето на фасадите на зградите кои гравитираат во централното градско подрачје, односно околу градскиот плоштад со што ќе се овозможи свеж иобновен изглед на центарот на градот кој е особено привлечен за странските туристи. Дел од средствата потребни за обновување на фасадите се обезбедени преку капитални дотации од Буџетот на Република Македонија, објаснуваат од Градот. Трамвај Градските власти не се откажуваат од трамвајот, пари за изградба на трамвајскиот систем со Програмата за развој, се планирани и за следните три години. Така за следната година за Потпрограмата јавен превоз се планирани 81.300 евра, во 2015 година сумата е поголема односно околу 2,8 милиони евра, а во 2016 година се планирани најмногу пари околу 13,2 милиони евра. Во планираните средства за сите три години се вклучени и парите за изградба на трамвајскиот систем. Иако едниот тендер пропадна, сега на градските власти концесионер за трамвајот ќе им помогне унгарската консултантска компанија „Vialto Consulting“. - Целта на оваа потпрограма е воведување трамвајски јавен превоз на подрачјето на Град Скопје. Општи цели кои треба да се постигнат со воведување на трамвајскиот систем е промоција на економскиот и општествениот развој на Град Скопје, како и подобрувањето на климата за инвестиции во секторот транспорт. Посебна цел e зголемување на ефикасноста на јавениот превоз на патници, преку надградувањето на автобускиот превоз со трамвајски превоз кој нуди поголема брзина во услугата, поголема сигурност и поголема удобност, како и заштита на животната средина преку промовирање на употребата на енергетски ефикасни возила и возила со помали нивоа на загадување, образложуваат од Град Скопје. Ќе се гради Центарот за управување и контрола на сообраќајот Сообраќајна сигнализација Нешто повеќе од 2,4 милиони евра Градот планира за следната година да потроши за потпрограмата за сообраќајна сигнализација во која спаѓа изградбата на Центар за управување и контрола на сообраќајот и интелегентна наплата на билети во возилата за јавен превоз, како и нивна автоматска локација. Во 2015 година за оваа намена се предвидени над 276 илјади евра, и исто толку за во 2016 година. - Со тоа ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот, ќе се унапреди ефикасноста и безбедноста на урбаниот сообраќаен систем, ќе се зголеми проточноста на делниците и крстосниците, преку намалување на застои и загушувања и колони возила и ќе се овозможи подобрување на квалитетот на услуга во јавниот градски превоз, а со тоа и зголемување на бројот на корисници. Формирањето на ЦУКС е со цел да се овозможи управување и контрола на сообраќајот во реално време (адаптивно) во зависност од сообраќајното оптоварување и со тоа ќе се придонесе кон унапредување на ефикасноста и безбедноста на урбаниот сообраќаен систем на градот со зголемување на пропусната моќ на сообраќајниците и крстосниците, намалување на временските загуби, времето на патување, редовите на возила итн. преку следење на сообраќајот во реално време и адаптивно управување и контрола на сообраќајот, објаснуваат од Градот. Уредување градежно земјиште За Потпрограмата за уредување на градежно земјиште за следната година се планирани околу 2,1 милиони евра, во 2015 година 3 милиони евра, а во 2016 година околу 2,9 милиони евра. Како што стои во образложението од Градот, основна цел на оваа потпрограма е уредувањето на градежното земјиште со примарна комунална инфраструктура, што е законска обврска на Град Скопје. -Со уредувањето на градежното земјиште се врши изградба на комунална инфраструктура, односно опремување на градежното земјиште со објекти на основната инфраструктура, согласно превземените обврски по склучени договори за надоместок за уредување на градежно земјиште, објаснуваат од Градот. Освен овие проекти, со Програмата за развој за следните три години се предвидени пари за капитални трошоци на општината, проекти за енергетска ефикасност, изградба на системи за отпадни води, инвестиции во системи за наводнување (колектор Нерези), заштита на животна средина, противпожарна заштита, капитални расходи за средно образование. Ј.С.

Можеби ќе ве интересира

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

ФИЛИПЧЕ: Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати

ФИЛИПЧЕ: Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати

НЕВЕНЧАНАТА СОПРУГА МУ ГО ОШТЕТИЛА ВОЗИЛОТО: Неготинчанец пријавил во полиција

НЕВЕНЧАНАТА СОПРУГА МУ ГО ОШТЕТИЛА ВОЗИЛОТО: Неготинчанец пријавил во полиција

АПАСИЕВ ГИ СПОРЕДИ ИЗЈАВИТЕ ШАЌИРИ И ВЕСНА ЈАНЕВСКА: Се однесуваат на албанската паралелка во Чашка

АПАСИЕВ ГИ СПОРЕДИ ИЗЈАВИТЕ ШАЌИРИ И ВЕСНА ЈАНЕВСКА: Се однесуваат на албанската паралелка во Чашка

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение

(ФОТО) ПОЖАРОТ НА ВОДНО Е ИЗГАСНАТ: Седум пожарникари со две возила го ставија огнот под контрола

(ФОТО) ПОЖАРОТ НА ВОДНО Е ИЗГАСНАТ: Седум пожарникари со две возила го ставија огнот под контрола

ГУЖВА НА ГРАНИЦА: Метеж на Богородица и Табановце

ГУЖВА НА ГРАНИЦА: Метеж на Богородица и Табановце

ЦУК: Пожар изби во планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на врвот на Водно

ЦУК: Пожар изби во планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на врвот на Водно

БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА: За Центарот за македонски јазик во Лерин правда ќе бараат и во Стразбур

БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА: За Центарот за македонски јазик во Лерин правда ќе бараат и во Стразбур