18 Декември, 2025
0.0830

Кои се кавадаречките милионери? Уживаат во вино и серенади и знаат да прават многу пари!

Објавено во: Економија, Анализа 23 Мај, 2023 11:01

Добивај вести на Viber

Бројките укажуваат на заклучок дека Кавадарци е економски е најуспешниот град во Македонија од аспект на силни домашно поседувани компании. И му нема рамен. Веројатно е до поднебјето, генот, виното и серенадата. Секако и маџунот како двигател. Зошто? Па затоа што само во Кавадарци домашно поседуваните големи компании не само што се рамо до рамо со странските аквизиции и гринфилд инвестиции, туку се и посилни од нив!

Кавадарци е град на виното и серенадите, најпознатата староградска македонска музика. Родното место на бардот Никола Бадев и на ненадминливиот шмекер и поп пејач Зафир Хаџиманов. Град во кој традиција е на секаков повод и собирање да се запее традиционална најубава македонска староградска песна. А песната не оди без вино и ракија. Кавадарци е центарот на македонската винска индустрија, срцето на Тиквешијата во која речиси и нема домаќинство кое не прави жолта ракија или домашно вино.

Но Кавадарци е и индустриски центар - град на никелот и на челичната индустрија. А во последно време е седиште на голема фабрика за делови од автомобилската индустрија, која стана точка на мапата на голема интернационална автомобилска корпорација, која е снабдувач на големите светски автомобилски производители. За производството на вино и ракија нема збор. Тука ниту регионот наскоро нема да биде лимит.

Кавадарчани пеат, прават вино и маџун, но знаат да прават и пари. Некои до нив се мастер-мајндови и мега мајстори за правење пари и развивање бизниси на кои можат да им позавидат многу бизнисмени во земјава, но и во регионов.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?