19 Декември, 2025
0.0377

Кои се милионерите во „Градо под Исаро“?

Објавено во: Економија, Анализа 18 Мај, 2023 11:28

Добивај вести на Viber

Колкав бизнис потенцијал има Штип доволно говори фактот што во овој град лани осум компании имаат приходи поголеми од 10 милиони евра. Значаен квалитативен белег на овој голем град е тоа што најголемата компанија не само што е домашно поседувана, туку и локално.

Штип е најголемиот град во Источна Македонија и нејзин политички, економски, културен, музички и спортски, образовен и здравен центар. Штип има универзитет, клинички центар, еден од најпознатите музички фестивали, го има најслушаното национално радио. Штип е и гурмански центар зашто цела Македонија, но и регионот ја знаат, признаваат и конзумираат штипската пастрмајлија. 

Градот во кој значаен белег оставил Гоце Делчев, најголемиот наш револуционер, а во него се родени и делувале и најголемиот војвода на организацијата, контроверзниот Тодор Александров и „гуруто“ на балканскиот тероризам Ванчо Михајлов. Штип е горд како град во кој е роден еден од најголемите македонски поети Ацо Шопов. 

Во најновата историја на независна Македонија Штип е градот што дал еден претседател и еден премиер на нашата независна држава, еден голем генерал, еден светски признат кардио хирург, но и мнозина општественици, дејци и творци. Штип е градот што изнедрил носител на олимписки медал во борење слободен стил, а го трасирал и патот на ексјугословенската фудбалска легенда Шекуларац кој играл во штипска „Брегалница“.

Но Штип не е македонски Манчестер, а можеби некогаш бил. Штипската економија порано била базирана на текстилните гиганти и нивните добавувачи и супортери. Сега сликата е многу поразлична, иако Штип и сега има силна текстилна индустрија. Во последниве години економска локомотива на штипската композиција е силната метална индустрија, еден од најголемите национални малопродажни ланци, национален кабелски и интернет оператор, големи дистрибутерски и трговски компании. Штип има и неколку големи и силни компании за логистика и за товарен транспорт.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии