Кои се најбогатите Руси?
Објавено во: Свет 02 Август, 2017
Според рејтингот на Bloomberg Billionaires Index (BBI), објавен денеска најбогат меѓу Русите е главниот акционер на „Северстаљ“, Алексеј Мордашов.
За седум месеци имотот на овој Русин пораснал за 247 милиони долари. Мордашов го зазема 53-то место на најбогати луѓе во светот со 17,3 милијарди долари.
Тој стана најбогатиот бизнисмен на Русија, претекнувајќи го косопственикот на „Новатек“ Леонид Михељсон според рејтингот Forbes Forbes Real Time.
Владимир Потанин, чиј капитал се намалил за 27,3 милиони долари, има 16,6 милијарди и се наоѓа на 57-то место.
На 72-то место на оваа листа се најде првиот човек на групата компании „Ренова“, Виктор Вексељберг. Неговото богатство се зголемило за 1,31 милијарда долари и сега „тежи“ 15,5 милијарди.
Првото место на најбогати луѓе во светот го зазема основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс со 90,8 милијарди долари.