Кои се најголемите бизнисмени меѓу актуелните градоначалници?
Објавено во: Економија 20 Јули, 2020
Генерално не се бизнис – ориентирани актуелните градоначалници на македонските општини. Ова е заклучок до кој се доаѓа која ќе се мечуваат анкетните листови на градоначалниците во потрага по удели и фирмите кои ги поседуваат, поседувале или подариле на најблиските градските татковци и мајки. Подолу е листата која успеавме да ја составиме врз основа на достапните податоци. Е дали се сите податоци валидни знае ДКСК....
На листата многу имотни е Исмаил Јахоски, првиот човек на општината Пласница. На неговиот имотен лист има над 20 ставки на различни видови имот. А тој потекнува од компанијата „Пуцко Петрол“ чиј основач и долгогодишен сопственик бил Исмаил пред да ја предаде сопственоста на неговиот син Асмир. Лани оваа компанија за трговија на големо со нафтени деривати остварила приход од 46,4 милиони евра што е за 13 отсто повеќе од претходната година. Добивката е 2,7 милиони евра.
Тони Делков, градоначалникот на Неготино има компанија за трговија на мало со назив ЕЛ-КО Компани груп. Лани оваа фирма остварила приход од 210.000 евра што е пад за 50 отсто во однос на претходната година. Добивката е 6.500 евра и тоа е за 66 отсто послаб резултат од претходната година.
Дарко Блажески градоначалникот на Јегуновце е ко-сопственик на НЕДА Пром фирма регистрирана за ресторанска дејност и останато послужување храна од Јегуновце. Лани приходот и пораснал за 64 отсто до 145.000 евра. А добивката се зголемила за 4 пати до износ од 27.000 евра.
Николчо Илијев градоначалникот на Кочани е еден од најбогатите градоначалници според неговиот анкетен лист. Но на анкетниот лист го нема генераторот на приходите и богатството, а тоа е компанијата ИНТ Трејд со седиште во Кочани чиј управител е неговиот син Александар Илијев (кој веројатно е и сопственик на друштвото и уделите ги наследил од таткото). Оваа компанија лани остварила приходи од 2,75 милиони евра, а добивката и изнесува околу 88.000 евра што е за 27 отсто послабо од претходната 2018 година.
„Кожувчанка“ од Кавадарци е во ко-сопственост на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Оваа компанија специјализирана за производство и продажба на вода, безалкохолни пијалоци, а во поново време и пиво лани остварила приходи од продажба во вредност од 12 милиони евра и тоа е на ниво од 2018 година. Добивката на компанијата е 474.000 евра и тоа е за 10 отсто послаб резултат од претходната година.
Радовишкиот градоначалник Герасим Конзулов, заедно со уште три други лица, е коспоственик на транспортна фирма од радовишко село Раклиш „Голд транспорт“. Лани нејзиниот приход е 729.000 евра, а годината ја завршила со загуба од 650 евра.
Горанчо Крстев градоначалникот на општина Чешиново – Облешево е бизнисмен кој својата компанија ЈТД Грга ја подарил на своите два сина Андреј и Ивица. За жал не успеавме да ги најдеме податоците за ланското работење на ова друштво регистрирано за товарен патен транспорт.
Велимир Смилевски градоначалникот на општина Бутел има удели во повеќе компании, пишува на веб страницата на општината. Во анкетниот лист има податоци за различни удели од кои првиот со вредност од еден милион денари и вториот од 750.000 денари. Нема имиња на фирми и не може да се провери за што станува збор.
Слична ситуација има и кај градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова. Пријавила сопственост врз удели во 2017 година, но нема ниту назив на фирми ниту вредност на удели. Идентична е ситуацијата кај колешката од Арачиново Миликије Халими. Пријавила дека поседува удел со вредност од 5.000 евра, но нема назив на фирма. Толку од транспарентноста.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.