18 Декември, 2025
0.0745

Кои се најголемите инвеститори во Македонија кои добија поврат од 13 милиони евра од Владата?

Објавено во: Економија 05 Јануари, 2022 08:30

Добивај вести на Viber

Владата во последните денови од изминатата година ги исплати договорените проценти како поврат за инвестирањата што ги вложија домашните и странските претпријатија и покрај ковид-кризата.

Со овие вложувања компаниите низ минатата година имаа стекнато право за поврат до 20 отсто од инвестицијата во рамки на Програмата за поддршка на инвестициите и технолошкиот развој од Планот за економски раст на Владата. 

За поддршка на нов инвестициски проект со инвеститорите се потпишува петгодишен договор за државна помош откако ќе покажат план за економски раст според Законот за финансиска поддршка. Тоа се компании кои инвестираат надвор од Технолошко индустриските зони во нови фабрики, погони, опрема итн.

Број еден како најголем инвеститор во 2020 бил фармацевтскиот гигант Алкалоид при што на крајот од 2021 му е исплатен поврат на средства од 153 милиони денари, или заокружено на 2,5 милиони евра.

На компанијата за производство, градежништво, транспорт и услуги Интекар Глобал Корпоратион од Гостивар и се вратени 74.871.322 денари.

Фабриката за цевки Конти Хидропласт од Гевгелија добила нешто повеќе од еден милион евра.

Ангромаркетинг Механизација, битолската фирма позната по подружницата Жито Битола, има исплата од 420.000 евра.

Конзорциумот на домашни и странски инвеститори Интернационал Фреш Фуд, позната по производството на пилешко месо, има повратни 320.000 евра за својата инвестиција.

Хај-Теч Корпорација, производителот на печатени електронски плочки од Зелениково, е следен со околу 300.000 евра. 

Нешто помалку од 300.000 евра добиле Андрос Фарм, позната компанија по брендот Авакс, како и Комфи Ангел, производителот на постелнина од Прилеп.

Пари добиле и компании како Макпрогрес, Реплек, Макситил, Витаминка, Грин Машинс итн, но сумите се многу помали.

Претходно вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи рече дека оваа година пристигнале барања за исплати од 225 компании, пришто е исплатена поддршка од 800 милиони денари или околу 13 милиони евра.

Овие компании, во 2020 имаат реализирано инвестиции од над 70 милиони евра. 

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа