05 Декември, 2025
0.0366

Кои се најскапите мобилни телефони на пазарот?

Објавено во: Стил 08 Ноември, 2012 20:18

Добивај вести на Viber

За поголемиот дел од луѓето мобилниот телефон е неопходен, па не е чудно што голем е бројот на оние кои трошат огромни суми за купување на најновите модели. Затоа проверете кои се најскапите телефони на пазарот во моментов! iPhone 5  Ова е најпопуларниот телефон во светот. „Apple“ неодамна го пушти и новиот iPhone 5. Најмалата негова верзија со 16 GB меморија ќе ве чини 649.99 долари. Кај поголемите модели цените се 749.99 долари за 32 GB меморија и 849.99 долари за 64 GB. Samsung Galaxy S3  Сите знаеме дека во моментов се води војна помеѓу „Apple“ и „Samsung“. Од „Samsung“ велат дека нивниот телефон прави се што и „iPhone“, но е поевтин. Цените се 589.99 долари (за 16 GB меморија) и 649.99 долари (за 32 GB). Droid Razr Maxx HD на Motorola  Телефонот е тенок, а неговата најголема предност е издржливата батерија. Овој луксуз, сепак чини 649.99 долари. Samsung Galaxy Note  Ова е всушност комбинација на таблет и паметен телефон по цена од  599.99 долари.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: