18 Декември, 2025
0.0478

Кои се најуспешните градежници? До 45 отсто од приходот останува за добивка

Објавено во: Економија 10 Февруари, 2020 07:00

Добивај вести на Viber

Најуспешните градежни компании специјализирани за градба на станови остваруваат фасцинантни профити. Верувале или не девет компании кои во 2018 година оствариле профити од еден до седум милиони евра. Профитите им се движат од 21 отсто до 45 отсто од приходите!

Градбата на станови во земјава е еден од нај актуелните бизниси кој во јавноста важи за бизнис во кој може да се заработат добри пари. Аргументите се следни: банките кредитираат градба на станови, а воедно и кредитираат граѓани кои сакаат да купат сопствен стан. Побарувачката за станови е голема особено во Скопје, а цените се атрактивни.

Споредбата на „Фактор“ покажа како работат и колку заработуваат најголемите градежни компании чија дејност е изградбата на станбени и нестанбени згради.
Рангиравме компании кои во 2018 година успеале да создадат профит од најмалку еден милион евра. Кои се тие?

„Жикол“ од Струмица, ЗСФ Ком и „Адора Инженеринг“ од Скопје се најголемите градежни компнии чија дејност е изградба на станбени и нестанбени објекти. Вкупно девет градежни компании од четири градови (по една од Охрид и Кочани, три од Струмица и четири од Скопје) успеале да направат профит што надминува еден милион евра.

Најголем профит во 2018 година има скопската градежна компанија ЗСФ Ком сопственост на поранешниот пратеник Фатмир Етеми. Оваа компанија во 2018 година остварила профит од 7,1 милиони евра, а приходите и изнесувале 21 милиони евра. Профитот на ЗСФ Ком надминува 33 отсто од неговите приходи. Освен по квалитетна градба оваа фирма во таа година беше актуелна во јавноста и за изградбата на станбена зграда во општина Аеродром која предизвика многу негативни реакции на жителите на таа општина.

Втора според успех е „Адора Инженеринг“ фирмата на Ванчо Чифлиганец, исто така поранешен пратеник во македонското Собрание. Неговата компанија оствари профит од 4,7 милиони евра и приходи од 21,2 милиони евра. Профитот е 22 отсто од остварените приходи.

Во големата тројка најпрофитабилни е уште скопската градежна фирма Настел сопственост на скопската компанија „Алпина Инженеринг“ и на „Еуро Свис Кредит АГ“. Таа долгогодишна градежна компанија остварила профит од 3 милиони евра од приходите од 14,2 милиони евра. Добивката е 21 отсто од приходите.

Следна на листата е најголемата кочанска компанија „Техком“. Оваа фирма остварила профит од 1,9 милиони евра што претставува 24 отсто од приходите кои изнесуваат 7,8 милиони евра.

Охридски „Трим“ во 2018 година остварил профит од 1,6 милиони евра и приходи од 6,3 милиони евра. Неговиот профит е една четвртина од приходите на компанијата. Фирмата е во сопственост на Бурбуќе Ќира Хетеми.

Следен на листата е струмички СИМ Инженеринг сопственост на Горан и Симеон Крстеви. Нивната фирма остварила приход од 5,5 милиони евра и профит од 2,5 милиони евра. Градежната фирма на Крстеви со профитна маргина од 45 отсто е најуспешната градежна компанија во конкуренција на другите градежни фирми со поголеми профити.

И најмалата градежна фирма во најголемите девет компании е скопската фирма Тим Инженеринг од Скопје. Нејзиниот приход е 3,1 милиони евра, а профитот изнесува 1,3 милиони евра. Тоа значи дека најмалиот има профитна маргина од 42 отсто.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа