05 Декември, 2025
0.0348

Кои се петмината велешани што лани направија 33 милиони евра?

Објавено во: Економија 16 Јуни, 2021 06:58

Добивај вести на Viber

Многумина очекуваат дека во поднасловот ќе го прочитаат името на Кочо Анѓушев, еден од најуспешните бизнисмени од Велес. Но овој пат не е така. Станува збор за петмина производители на свинско месо, луѓе посветени на работата и патриоти во вистинска смисла на зборот – затоа што произведуваат храна за нас, креираат работни места за нашите сонародници и го штитат домашниот стандард. Само еден од овие петмина лани преку своите две компании за одгледување свињи остварил приход од 23милиони евра

Велешката економија ја храни Македонија, да во значајна мерка. Официјалните податоци покажуваат дека четири од седум најголеми одгледувачи на свињи и производители на свинско месо се од Велес. Овие велешки фирми лани заедно од производство на свињи генерирале приходи од 33 милиони евра и профит поголем од 2,3 милиони евра.

Најголемата домашна компанија за одгледување свињи е велешката фирма Агриа Груп чиј сопственик е Перо Колевски. Ова друштво регистрирано за одгледување свињи лани остварило приход од 16,15 милиони евра што е за 14 отсто повеќе од претходната година. Добивката на друштвото изнесува 816.000 евра и бележи минимален пад од 6 отсто.

И втората по големина фирма на одгледување свињи е сопственост на Перо Колевски. Станува збор за друштвото Овчеполка. Оваа компанија освен по одгледување свињи и позната и по производство на сточна храна и концентрати за прехрана на добиток. Тоа лани од продажба остварило приходи 8,5 милиони евра што е за 8 отсто повеќе од 2019 година. Добивката на друштвото изнесува 647.000 евра и е за 25 отсто пониска од претходно.

Семејната фирма на Дарко и Ненад Стојанови е велешкиот одгледувач на свињи УНИ-АГРО. Ова друштво лани остварило приходи во износ од 7,2 милиони евра и тие пораснале за 11 отсто во споредба со претходната година. Добивката на друштвото е 1,9 милиони евра и ова ја прави најгофитабилна компанија во таа стопанска гранка и покрај тоа што добивката е за 24 отсто пониска од 2019 година.

Уште една велешка фирма се занимава со одгледување свињи иако е значајно помала од претходните три компании. Станува збор за Сирмес-ТД семејна компанија на Трајче и Димче Чукниеви. Тоа друштво лани направило приход од еден милион евра што е на исто ниво како и во претходната година. Добивката лани изнесува 17.000 евра и е за 88 отсто пониска од претходната година.

Генерално Македонија важи за пазар што е во значајна мерка зависен од увоз на свинско месо. Според достапни податоци на државниот Завод за статистика кои се однесуваат на 2019 година домашните капацитети за одгледување свињи произвеле 13.400 тони свинско месо што е за 9 отсто повеќе од претходната 2018 година.

Р.Ф. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?