19 Декември, 2025
0.0462

Кој сѐ се пријави да биде на чело на институцијата чувар на јавните пари

Објавено во: Економија 17 Декември, 2018 14:20

Добивај вести на Viber

Ване Цветанов кој е еден од пријавените кандидати за избор на Главен државен ревизор за Фактор потврди дека поднел кандидатура, но дека не може да коментира зошто и една година откако Собранието го објави огласот, изборот уште не е завршен. Вели дека со оглед на тоа што е засегната страна не може да дава дополнителни изјави. Со институцијата една година раководи заменик главен ревизор кој има ограничени овластувања и надлежности, објави Фактор утрово. 

Освен Цветанов кој е еден од најпознатите на јавноста уште 11 други кандидати се јавиле на огласот. Меѓу нив има луѓе кои работат во Државниот завод за ревизија, но и такви кои доаѓаат од надвор. 


Се јавиле Насер Адеми кој сега ја извршува функцијата на Заменик главен државен ревизор, назначен од Собранието по предлог на ДУИ, Адем Цури – Директор во Ревизорско тело за ИПА фондови, назначен од Владата, Тања Тасевска која е државен советник во ДЗР, Наташа Ниневска, самостоен ревизор во ДЗР, претходно внатрешен ревизор во Агенција за разузнавање на РМ. Освен нив пријавени се и Максим Ацевски – помошник на главниот државен ревизор, Цвета Ристовска - помошник на главниот државен ревизор, Татјана Димитровска – виш ревизор, Милан Ракиќ – виш ревизор. На огласот се јавиле и Бранко Смилевски – раководител на ревизија, претходно внатрешен ревизор во Агенција за катастар на недвижности, Ване Цветанов – поранешен директор во Управата за спречување на перење пари и Наташа Поповска – дипломиран правник вработена во Секретаријатот за законодавство. 

Фактор се обиде да добие одговори од претседателот на Собранието Талат Џафери за тоа зошто изборот се уште не е завршен и дали е во ред ваква институција надлежна за контрола на државното трошење да биде обезглавена. Повеќе од две недели од неговиот кабинет не одговараат на прашањето. Таа е чувар на јавните пари ама и Владата не е загрижена. На прашањето како гледаат на тоа што институција клучна алка во системот е без прв човек од Владата кратко одговорија дека немаат надлежност за изборот.

„Владата на Република Македонија како извршна власт нема ингеренции во изборот на главен државен ревизор, Ве упатуваме одговорот на ова прашање да го упатите кон законодавната власт односно кон Собранието на РМ, ни одговорија оттаму.

Што се случува во меѓувреме во ДЗР, текстот на Фактор овде.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии