Кои се трите точки за кои Украина сака да разговара со Русија?
Објавено во: Свет 21 Јули, 2025 18:48
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во третата рунда директни мировни преговори со Русија во Истанбул, Украина ќе инсистира на три клучни точки: враќање на воените заробеници, враќање на децата киднапирани од Русија и подготовка на самит.
„На сите им е јасно дека навистина ефикасни преговори можат да се водат само на ниво на национални лидери“, додаде тој.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска потврди дека Москва го поддржува одржувањето на третата рунда разговори, но нагласи дека сè уште не е договорен датум.
„Од руска страна, нема промени во преговарачката група“, рече Песков.
Руската делегација сè уште ја предводи претседателскиот советник Владимир Медински. Високи функционери како што е шефот на дипломатијата Сергеј Лавров сè уште не учествуваат во преговорите.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.фото Фејсбук/Володимир Зеленски
Можеби ќе ве интересира
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ




