28 Септември, 2024
0.0320

Кои се туристите кои трошат најмногу?

Објавено во: Анализа 30 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Трошоците на Кинезите во странство се зголемија за 60% во последните три години. Тоа го покажува новото истражување на UnionPay International, истражувајки ги навиките на кинеските корисници во 140 земји и региони во светот.

Студијата покажува дека комбинираната годишна стапка на раст на трошоците за храна е над 65% за 2013 година. На трошоците за забава пак е над 60 отсто.

Трошоците на Кинезите за хотелски резервации се зголемија за околу 40% за последните три години, додава истражувањето.

Иако луксузните брендови остануваат популарни меѓу кинеските туристи, трошоците за други стоки и услуги, вклучувајќи изнајмување на автомобили, туризам, спорт и билети за концерти, значително се зголемени, пишува China Daily.

Скокот во цената може да се должи на зголемувањето на бројот на прекуокеанските патувања од страна на Кинезите. Минатата година туристите од Кина потрошиле 102 милијарди долари за вкупно 97 милиони патувања надвор од својата земја.

Кинеската национална туристичка администрација очекува бројот на патувања да се зголеми за 15 отсто до над 110 милиони во 2014 година. Туристите најчесто ги избираат дестинациите како Маурициус, Италија, Канада, Норвешка, Исланд, Грција и Непал.

Покрај тоа Кинезите трошат повеќе време во странство, посочуваат од Union Pay International. Тие трошат повеќе надвор, во бесцаринските продавници и местата за продажба на луксузни стоки. Кинеските туристи купуваат повеќе намирници, козметика и играчки од локалните трговски центри и продавници.

Тоа е знак дека тие остануваат подолго време на одредена дестинација и се потопуваат подлабоко во начинот на живот таму. Стандардната петдневна турнеја како пакет станува помалку привлечена за туристите. Наместо да добијат брз поглед над местото Кинезите сакаат да дознаат повеќе, предавајќи се на подолги одмори.

К.К.