19 Декември, 2025
0.0525

Кои се велешаните кои прават најмногу пари?

Објавено во: Економија 04 Август, 2020 06:55

Добивај вести на Viber

Велес повеќе не е град во кој доминира металната индустрија и воопшто индустријата како што било пред и во периодот на транзицијата. Велес и понатаму има силна компанија од областа на металната индустрија, но во локалната економија најсилно влијание има голем национален ланец супермаркети со седиште во Велес и три компании специјализирани за одгледување свињи кои лани заедно оствариле приход поголем од 28 милиони евра! Воедно најуспешната велешка компанија според учеството на профит во вкупниот приход е специјализирана за одгледување свињи! Нејзиниот профит е 39 отсто од приходот.

Велешката економија лани имала 14 компании кои направиле профити поголеми од 200.000 евра. Три од нив имаат профит што е еднаков или поголем од еден милион евра. Од сите 14 друштва само две се странски компании, а дури 12 друштва се домашни и во нив сопственици се велешани. Меѓу најпрофитабилните лани биле еден голем ланец на супермаркети, две компании од металната индустрија, еден странски гигант – супортер на глобалната авто индустрија и верувале или не:дури три локални компании кои се занимаваат со одгледување на свињи и заработуваат солидно од дејноста.

Очекувано Жито ДООЕЛ е најуспешната велешка компанија лани. Ланецот супермаркети кој е распространет низ повеќе градови во земјава лани остварил приход од 55,12 милиони евра што е за 8 отсто подобар резултат од претходната година. Компанијата на Јованче Ѓошевски лани остварила профит од 1,9 милиони евра што е за 2 отсто подобро од 2018 година.

Втора најпрофитабилна компанија лани е металната индустрија Брако во која ко-сопственик е Кочо Анѓушев, најпознатиот бизнисмен – велешанец. Оваа „реинкарнирана“ велешка индустрија лани остварила приход од 23,5 милиони евра што е за 13 отсто послабо од претходната година. Добивката лани е иста како и во 2018 година и изнесува 1 милион евра. Брако е во косопственост на две компании: ФероИнвест и Тргофер.

Маркарт странската инвестиција која произвеедува електронска и електрична опрема за автомобилска индустрија остварила приход од 82 милиони евра што е за 11 отсто подобар резултат од претходната година. Наспроти приходот, профитот паднал за 83 отсто и изнесува 1 милион евра.

Како работат најголемите одгледувачи на свињи?

Агриа Груп е најголемата домашна компанија за одгледување свињи. Лани оваа компанија остварила приход од 14,2 милиони евра и профит од 864.000 евра што е за 3 пати подобар резултат од 2018 година. Другата компанија на Перо Колевски е Овчеполка. Ова друштво за одгледување свињи лани оствари приход од 7,8 милиони евра што е за 8 отсто подобар резултат од 2018 година. Друштвото на Колевски лани остварило добивка од 863.000 евра што е за 2,7 пати подобар резултат од претходната година.

Третата и најмала компанија за одгледување свињи од Велес се вика Уни Агро.  Тоа е семејна фирма на Дарко и Ненад Стојанови. Ова друштво лани остварило приход од 6,5 милиони евра што е за 46 отсто подобро од претходната година. Профитот изнесува 2,55 милиони евра. Тоа е 3,7 пати поголема добивка од 2018 година и овој резултат ја прави оваа најуспешна велешка компанија според параметарот профит како дел од вкупниот приход.

Ронтис компанијата специјализирана за производи од пластични маси. Тоа е друштво поседувано од странство кое лани оствари приход од 10,9 милиони евра што е за 11 отсто повеќе од претходната година. Профитот лани паднал за 663.000 евра што е за 12 отсто послаб резултат од претходната година.

Хемомак Пестициди е компанија специјализирана за трговија на големо со хемиски производи. Лани ова друштво остварило приход од 7,5 милиони евра и добивка од 839.000 евра. Оваа успешна велешка компанија е сопственост на Горан Јовановиќ.

Еве ги останатите најуспешни велешки компании:


Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар