Кои се земјите каде нема починати од коронавирусот?
Објавено во: Свет, Корона Вирус 27 Февруари, 2021
Во неколку земји во светот воопшто нема починати од коронавирусот.
Камбоџа, Доминика, Источен Тимор, Нова Каледонија, Лаос, Самоа се дел од земјите каде нема починати од коронавирусот, според worldometers. Во овие земји и бројките на заразени се мали. Самоа има само 3, а Лаос 45 регистрирани заразени со коронавирусот. Источен Тимор има 111 случаи, а Нова Каледонија 58. Доминика има 142 случаи, а Камбоџа 767 заразени со коронавирусот. Во светот досега се откриени над 114 милиони случаи на заразени со коронавирусот.
foto freepik