05 Декември, 2025
0.0382

Кои странски хотели се градат во Скопје?

Објавено во: Македонија 14 Мај, 2013 08:07

Добивај вести на Viber

Паралелно со изградбата на нови трговски центри, последнава година во Скопје почнаа да се градат и неколку хотели. Во главниот град за некоја година ќе никнат хотели од светските ланци како “Хилтон”, “Мериот”, “Ибис”. Во радиус од неколку метри на плоштадот Македонија се наоѓаат хотелите “Ибис” и “Мериот”, а планирана е и изградба на нов Офицерски дом и  хотел, што ќе ги гради грчкиот бизнисмен Деметрис Кондоминас. Ако се водиме по теркот на големите светски метрополи, тогаш идејата за изградба на комплекси за хотелско сместување во централното градско подрачје е на место, но од друга страна се поставува прашањето дали овие хотели ќе работат рентабилно. Градските урбанисти коментираат дека цен­та­рот на гра­дот тре­ба да би­де иск­лу­чи­во за јав­ни на­ме­ни, ад­ми­ни­стра­тив­ни об­је­кти, хо­те­ли и дру­го, бидејќи та­ка е се­ка­де во све­тот, и тре­ба да се из­бег­ну­ва­ат на­ме­ни за стан­бе­но до­му­ва­ње. Од естет­ски ас­пект , според познавачите, хо­те­ли­те кои допрва се градат тре­ба да би­дат со со­вре­ме­ни, мо­дер­ни  и про­гре­сив­ни еле­мен­ти и ма­те­ри­ја­ли. -Не е спор­но тоа што има тол­ку хо­те­ли на ма­ла од­да­ле­че­ност, не е спо­рен про­сто­рот, тоа е од­лу­ка на ин­ве­сти­то­рот кој про­це­нил де­ка на таа ло­ка­ци­ја мо­же да се гра­ди хо­тел, но, пра­ша­ње е кол­ку тие хо­те­ли во та­ква бли­зи­на ќе ра­бо­тат рен­та­бил­но. Да­ли ин­ве­сти­то­ри­те на­пра­ви­ле ана­ли­за кол­ку ту­ри­сти до­а­ѓа­ат и да­ли ин­ве­сти­ци­ја­та ќе им би­де исп­лат­ли­ва, да не се случи и во оваа  об­ласт ка­ко кај тр­гов­ски­те цен­три  хи­пер­про­дук­ци­ја, па по­тоа да се за­тво­ра­ат, предупредуваат урбанистите. Според проценките на владините институции, бенефит од изградбата на новите хотели ќе има и туризмот и градежната индустрија. Според надлежните изградбата на повеќе хотели во главниот град е неопходна ако се има во предвид дека бројот на туристите кои го посетуваат Скопје од година во година расте. Така Вкупниот број на туристи за февруари 2013-та во однос на февруари 2012-та е зголемен за 8,7 отсто. Од друга страна дел од здруженијата на туристички водичи коментираат дека се задоволни од бројката на странски туристи кои доаѓаат во Скопје, но велат дека голем дел од странците не се задржуваат повеќе од две до три ноќевања. Францускиот хотелски ланец “Ибис” и во Скопје Изградбата на хотелот “Ибис” кој е сместен на просторот зад хо­те­лот „Ја­дран“ е полн ек. Про­е­ктот е изра­бо­тен од стра­на на „Гем­ма ин­же­не­ринг“ од Скоп­је, гра­деж­ни­те ра­бо­ти ги из­ве­ду­ва  фир­ма­та  „НБ Ком­па­ни“ од Те­то­во, а ин­ве­сти­тор е „Евро­бал­кан хо­телс“. По­вр­ши­на­та на ко­ја е пред­ви­де­но да се гра­ди хо­те­лот из­не­су­ва 577 ква­драт­ни ме­три, од кои 416 се пред­ви­де­ни за град­ба. Во сог­лас­ност со ур­ба­ни­стич­ки­от план за овој дел од цен­та­рот на гра­дот, хо­те­лот ќе има се­дум ка­та и по­ткров­је, од­нос­но раз­ви­е­на­та бру­то-по­вр­ши­на е 3.774 ква­драт­ни ме­три. Францускиот хотелски ланец “Ибис”, во светот има 800 хотели во 40 држави. Групацијата  “Accor” од Франција, е сопственик на брендот “Ibis Hotels”, која што има финансиски обрт од над 6 милјарди евра. Интензивно се гради луксузниот хотел “Мериот”  Во текот на оваа година се очекува да биде готова изградбата на првиот хотел “Мериот“ на Балканот со пет ѕвездички. Хотелот се наоѓа на плоштадот Македонија спроти кафулето Тренд. Инвестицијата е вредна 37 милиони евра, а хотелот се протега на површина од 20.000 метри квадрати. Во него ќе има 180 соби, 16 луксузни апартмани, еден претседателски апартман, два ланч барови, спа центар и градина на највисокиот кат. Со неговото отворање се очекува да се отворат  700 нови работни места. Хотелот “Мериот” го гради македонската компанија „Дивелоп груп“. Инаку Македонија е прва дестинација за изградба на ваков луксузен хотел од страна на американската компанија “Мериот Интернешнл“ на Балканот. Нов Офицерски дом и хотел На плоштадот Македонија интензивно се подготвува теренот за изградба на Офицерски дом и хотел. Според маркица од Деталниот урбанистички план Мал Ринг, на атрактивната парцела со површина од 6.308 метри квадратни, се ставени  маркички за двата објекта со приземје, 7 ката и поткровје и максимална висина од 29 метри. Инвестицијата ќе биде од 30 до 50 милиони евра за двата објекти, а земјиштето беше купено од бизнисменот Кондоминас. Новиот газда е  должен дел од Офицерскиот дом без надоместок да го отстапи во функција на градските власти, и тој ќе се користи како резиденција на скопскиот градоначалник, а во него ќе се смести и матичната служба. Во однос на хотелот, Министерството за транспорт веќе го одбра архитектонскиот стил и тој ќе биде со неокласицистичка фасада, ќе мора да има барем четири ѕвездички и да биде управуван или под франшиза на Хотел од брендот “Хилтон” ќе се гради во скопската населба Аеродром  Следната година во скопската населаба Аеродром,  се очекува да биде изграден хотелот од светски познатиот ланец “Хилтон”. Новиот хотелски објект ќе се простира на површина од околу 25.000 метри квадратни, а ќе содржи 170 соби, четири конференциски сали, спа-центар, бизнис центар и центар за здравје и голем број други содржини. Инвестицијата за овој хотел изнесува 30 милиони евра, а инвеститор е познатиот турски бизнисмен Ајдован Адемовски. По завршување на изградбата на хотелот во него ќе се отворат и над 100 работни места што и дава дополнителна вредност на оваа инвестиција. Изградбата на хотели ќе продолжи На почетокот на годината, Владата обезбеди четири кредитни линии за долгорочно финансирање,  купување, изградба и адаптација на мали сместувачки капацитети до 70 легла со стандард не поголем од оној со три ѕвезди.Тогаш од Владата изјавија дека според инвеститорите, има повеќе фактори кои влијаат на подемот на изградбата на хотели, но меѓу нив е ланската владина одлука, државните градежни парцели да ги продава со почетна цена од само едно евро за метар квадратен, па многу од најавените хотели ќе се градат токму на државно земјиште. Според проценките во следните две-три години во Скопје ќе изградат околу 20 –тина нови хотели. Засега во главниот град  има  41 хотел. Од нив, пет хотели се со пет ѕвезди, пет со четири ѕвезди и десет со три ѕвезди. Ј.С  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите