18 Декември, 2025
0.1040

Кои странски компании добија државна помош минатата година?

Објавено во: Економија 25 Мај, 2016 08:27

Добивај вести на Viber

Минатата година, државата доделила субвенции за 13 странски компании во технолошко-индустриско развојните зони. Износот на државна помош, што лани е доделен останува тајна. Во Извештајот на Комисијата за заштита на конкуренцијата, ги има само називите на компаниите што добиле државна помош. Државна помош се доделувала преку кабинетите на министрите без ресор, Бил Павлески, Веле Самак и Џери Наумов, потоа преку ДТИРЗ со која раководи Виктор Мизо, и преку Агенцијата за странски инвестиции и прпмоција на извозот. Комисијата за заштита на конкуренцијата одлуки за доделување државни субвенции за странските инветситори носела во текот на целата година, па дури и на 31 декември. А, лани не изостанале ниту субвенциите за Вистеон Електорникс, доделени релиси во истиоет период кога менаџментот на компанијата најави дека до крајот на оваа година ќе го затвори погонот и си заминува од земјава,по десетогидшно работење, односно период после кој повеќе не може да добива субвенции.  

Во Извештајот на Комисијата за заштита на конкуренцијата, наведени се називите на странските компании што добиле државни субвенции , но сумите кои ги добиле се изоставени. Со години, оваа бројка останува јавна тајна, и покрај серијата апели од и барања од домашните бизнисмени и економистите, да се даде отчет за тоа колкава државна помош и по која основа завршиле кај странските инвеститори.

Минатата година, се знае само дека државна помош добиле Џонсон Мети, Ки Сејфти Систем, Техникал Текстајлс,  Гентерм, Макдиа, Кранфилд Фаундри, Леар Цорпоратион, ОДВ Електорникс, Вистеон Електороникс, Јуроп Шок Абсорберс, М Скуаре Балкан Лимитед, Кондево МК Скопје.

Во февруари минатата година, Комисијата за заштита на конкуренцијата во еден ден одобрила државна помош за Џонсон Мети – Скопје и Ки Сејфти Систем – Скопје и двете доделни преку Дирекцијата за технолошко- индустриски развојни зони.

Потоа во април, одобрена е помош за три странски компании и тоа, Техникал Текстајлс од Штип,  Гентерм Македонија и Макдиа –Скопје, преку Дирекцијата за технолошко индустриско развојни зони.

На средината на јули, преку кабинетот на министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески, одобрена е државна помош за Кранфилд Фаундри Пробиштип, при што е наведено дека тоа е вон опфат на технолошко-индустриско развојна зона

Во истиот ден, доделена е помош и преку кабинетот на министерот за привлекување на странски инвестиции Веле Самак, за Леар Цорпоратион во Гостивар.

Во септември, нова државна помош е доделена за Џонсон Мети во ТИРЗ 1, но преку Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.

Истовремено, помош е доделена и за ОДВ Електорникс - Охрид,во стршката развојна зона, а помошта е доделена  преку Дирекцијата за технолошко-индустриско развојни зони.

На почетокот на октомври минатата година, одобрена е државна помош и за Вистеон Електроникс, односно за компанијата која официјално го најави своето заминување од Македонија, за крајот на оваа година. Бројот на работници таму постепено се намалува, а менаџментот посочи дека прави напори да ја продаде фабриката на друг инвеститор. Практично,  станува збор за компнијата која е прва инвестиција во Бунарџик ,(порано позната како Џонсон Контролс, која подцан се продаде на Вистеон Електорникс на глобално ниво), и која си заминува по десетгодишно работење во земјава, однсоно откако субвенциите од државата престануваат. Државната помош, лани е доделена преку Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.

Во декември, државна помош е доделена за компанијата Јуроп Шок Абсорберс, преку Дирекцијата за технолошко-индустриско развојни зони.

На последниот ден од минатата година, односно на 31 декември, државна помош е преку кабинетот на министерот за привлекување на странски инвестиции Џери Наумов  е доделена и за компанијата М Скуаре Балкан Лимитед Скопје.    

Преку кабинетот на Наумов, претходно доделена е државна помош и за компанијата  Кондево МК Скопје.

Интересно е дека државна помош е доделена и за ЈП за стопанисување со индустриската зона Жабени-Битола, и за Фондот за иновациски и технолошки развој, но ниту тука не се наведени сумите што им се доделени, иако станува збор за државни институции.

Доделена државна помош од 12 милиони евра преку државните институции за неколку владини мерки

Државна помош е доделена за Министерството за економија, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за животна средина, Агенција за промоција и поддршка на туризмот, по различна основа, и  при тоа тука е наведени сумите, и причните поради кои се доделени парите.

„При тоа, тука категориите за кои е доделена државна помош се поддршка на мали и средни претпријатија, подршка за развој на кластерскко здружување, имплементација на индустриска полтика, туризам,  вработување, финансиска поддршка на правни субјекти, подготовка за вработување преку обуки, промоција и поддршка на туризмот за субвенционирање на странскиот организиран туристички промет, а преку Фондот за иновации и технолошки развој, доделени се грантови во форма на условени заеми преку четири финансиски инструменти , како што се старт ап, спин-оф трговски друштва и иновации, кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации и кофинансирани грантови за трансфер на технологии, се наведува во Извештајот.

КЗК се жали дека дел од државните институциите кои даваат субвенции на странските компании не соработуваат , и им ги потпопуваат механизмите за надзор  

Комисијата за заштита на конкуренцијата нагласува дека кај мал број на даватели на државна помош се уште недостасува извршување на обврските за навремено доставување на годишен извештај за доделената државна помош, во претходната година, со што се поткопуваат воведените механизми за надзор.

„Комисијата, како орган кој го презеде надзорот и контролата на државната помош, презема активности за надминување на овие проблеми и се очекува во иднина соработка со сите даватели на државна помош да биде на потребно ниво, потенцираат од КЗК во извештајот.

Извештај на ЕУ: Се доделуваат субвенции во воздушен сообраќај без известување на КЗК

Во последниот извештај на ЕУ за напредокот на Македонија, се посочува дека земјата е умерено подготвена во областа на политика на конкуренцијата. Се наведува дека системите за пријавување за користење на државна помош не се користат од страна на сите даватели на државна помош, со што се попречува ефективното следење. И натаму се обезбедува државна помош за воздушниот сообраќај без ивестување на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Регистерот на државна помош се уште не е воспоставен и се уште не е составена мапа на регионална помош во согласност со насоките на ЕУ за регионална државна помош, нотира ЕУ.

С.Н

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа