18 Декември, 2025
0.0493

Кои заболекари направија профити поголеми од 100.000 евра

Објавено во: Економија 24 Декември, 2019 07:00

Добивај вести на Viber

Гевгелија има три од најголемите пет стоматолошки ординации. Во тој мал град на јужната граница очигледно цвета стоматолошкиот бизнис зашто има многу пациенти од соседна Грција кои идат заради меката рака и ниските цени на гевгелиските заболекари. Колку е Гевгелија центар на стоматолошкиот бизнис доволно говори фактот дека двете најпрофитабилни ординации се од таму. Првата има профитна маргина (добивка од приходи) од 37 отсто, а другата од 33 отсто. Најуспешната скопска стоматолошка пракса има профитна маргина од 35 отсто

Блескавата насмевка секогаш е моќен адут во интерперсоналните односи. Блескаво убавите заби не се само ген, зашто се малкумина тие што имаат бисерна низа во устата. Забите се најчесто статусен симбол во општеството. За да обезбедат насмевки од илајдници евра тука се вештите раце на стоматолозите.

Кои се најплатените стоматолози во Македнија? „Фактор“ истражи за вас, почитувани читатели...

Генерален впечаток по сумирање на резултатите е дека на Грците воопшто не им пречи Македонија кога се во прашање стоматолошките услуги во дијапазон што општаќа од поправките на заби до поставување импланти. Тука се и дополнителните услуги кои се повеќе стоматолози ги нудат особено на припадничките на понежниот пол и се состојат од различни техники за полнење и добивање сензуални усни. Оти нели, никој не штеди на убавина. Макар и од времен карактер.

Гевгелија го тепа Скопје 3:1

Гевгелија е стоматолошкиот рај во Македонија и најдобра бизнис дестинација за стоматолози. Зошто? Затоа што три од петте стоматолошки ординации со најголеми приходи ординираат во Гевгелија. Ова е една од ретките дејности во која скопјани не се најголемите во националниот бизнис.

Дентиција“ од Гевгелија е стоматолошката ординација што прави најголем приход во споредба со конкуренцијата. Лани оваа стоматолошка приватна установа остварила приход од 791.000 евра и остварила профит од 293.000 евра. Профитната маргина е 37 отсто. Што би рекла една наша политичарка „бомбона бизнис“.

Најголемиот конкурент е струмичката ординација „Ендомак“ сопственост на стоматологот Томе Тасевски. Да не заборавиме дека и Струмица е град во кој е висока фреквенцијата на Грци кои доаѓаат за остварување бизнис зделки, но и за поправки на заби. Лани оваа ординација остварила приход во износ од 768.000 евра и добивка од 57.000 евра.

Во најголемите три ординации според остварениот приход е и гевгелиската ординација сопственост на д-р Хилда Колева . Истоимената ординација лани остварила приход од 667.000 евра, а добивката изнесува 169.000 евра. Профитната маргина изнесува 25 отсто.

Најуспешната скопска ординација е дури на четвртото место на листата најголеми стоматолошки ординации според остварениот приход лани. „Ендомак“ од Скопје е ординација која лани успеала да оствари приход од 611.000 евра и профит од 216.000 евра. Профитната маргина на скопски „Ендомак“ е 35 отсто. Таа успешна фирма е сопственост на Димитар Тасевски и нејзина специјалност се имплантите. Сопствениците на истоимените стоматолошки ординации од Скопје и од Струмица се во роднински односи и се меѓу најуспешните во оваа дејност во земјава.

Следна на листата и последна од најголемите пет стоматолошки ординации е „Вита Дент“ од Гевгелија , сопственост на д-р Викторија Поп Ристова. Нејзиниот приход лани изнесувал 380.000 евра, а профитот достигнал 83.000 евра.

За само 1.000 евра понизок годишен приход остана позади „Вита Дент“ скопската стоматолошка компанија „АРТ Дентал Лабс“ специјализирана за ортопедски апарати. Оваа фирма, чиј сопственик е скопјанецот, Игор Китановски лани успеала да оствари приход од 379.000 евра и добивка од 99.500 евра. Нејзината профитна маргина е 26 отсто.

Има уште една стоматолошка пракса која лани остварила приход повисок од 300.000 евра. И таа е лоцирана во Гевгелија. Станува збор за стоматолошката ординација „Ендомак“, во сопственост на струмичката компанија Ендомак“. Гевгелиската филијала на струмичката компанија лани остварила приход од 344.000 евра и добивка од 115.000 евра. Со тој резултат оваа компанија е втора најуспешна (учество на добивка во приход) по гевгелиската стоматолошка ординација „Дениција“.

 НАЈПРОФИТАБИЛНИ СТОМАТОЛОШКИ ОРДИНАЦИИ

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа