Кои земји од ЕУ ќе забележат дефицит над 3% во 2016 година?
Објавено во: Економија 21 Март, 2016 12:24
Кога станува збор за фискална дисциплина во Европската унија, три е магична бројка.
Дефицитот треба да е ограничен до 3% од БДП, а пет земји најверојатно ќе го надминат ова ниво, прогнозираат економисти анкетирани од „Bloomberg“ од јануари.
Петте - Велика Британија, Франција, Шпанија, Грција и Хрватска, вклучуваат и три од петте најголеми економии на Европа. За останатите три - Финска, Полска и Романија, се смета дека ќе ги одбележат дефицити токму на работ.
Според правилата на ЕУ, владите треба да го ограничат буџетскиот дефицит до 3% од БДП, а долгот - до 60% од БДП, инаку следат казни (иако досега никогаш не биле наметнати такви покрај последователни прекршоци). Откако во 1998 година се прифати Пактот за стабилност и раст со цел подобро следење на буџетите, 25 од 28-те земји членки на ЕУ ја минувале границата на дефицитот. Шведска, Естонија и Луксембург се единствените земји кои досега не го нарушиле.
Финансиската криза од 2008 година во голема мера е причина за тоа слабо претставување, бидејќи владите започнаа агресивни стимулирачки програми. Од две земји кои го нарушиле ограничувањето, во 2007 година (Грција и Унгарија) во 2009 година тие се веќе 22, вклучувајќи ги и фискалните конзервативци како Германија и Австрија. Во овој период, просечниот дефицит за ЕУ расте до 6,7% од БДП од 0,9% пред тоа. Во 2010 година Ирска постигнува рекорд со зачудувачки дефицит од 32,3%, покажуваат податоците на Европската комисија.
Оваа година клубот на потрошувателите ќе биде најмалиот од 9 години. За опустошената од долгови Грција и стагнираната Франција тоа ќе биде мало успокојување, додека ја одбележуваат 21-вата и 9-та година по ред на прекумерен дефицит. И двете земји добиле предупредувања и продолжување од Европската комисија, а Франција треба да ги спроведе неопходните реформи до 2017 година.
Францускиот министер за финансии Мишел Сапен изјави дека очекува дефицитот да се врати под 3% пред наметнатиот рок, иако последната анкета на „Bloomberg“ не е толку оптимистичка. Економистите прогнозираат дефицит од 3,2% следната година, кој ќе се намали до 3% во 2018 година.
Покрај Франција само Хрватска се очекува да го наруши правилото следната година, излегувајќи од 6-годишна рецесија. Шпанија ќе забележи дефицит од 2,8%, Грција - од 2,4%, а Велика Британија - од 2,2%.
Што се однесува до тоа кој управува со буџетот најдобро, Луксембург е победник за 2016 година со предвиден вишок од 0,4% од БДП, следен од Естонија и Германија, чии влади ќе успеат да потрошат помалку отколку што зеле за трета година по ред.
Можеби ќе ве интересира
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?




