18 Ноември, 2024
0.0274

Кој чува милијарда евра во македонски државни обврзници?

Објавено во: Економија 18 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Тоа што трите најголеми банки чуваат повеќе од 1 милијарда евра во обврзници значи само едно: дека позајмувањето на државата е сигурно и доходовно за банките. Токму заради тоа и во овој период кога имавме парламентарни избори и промена на власта банките продолжија да купуваат државни обвзници и нивните вложувања во овој инструмент го зголемија за 153 милиони евра во период од девет месеци

Голема е и силна поддршката што на македонската држава и ја пружаат трите најголеми деловни банки во земјава. Најновите официјални неревидирани податоци од финансиските извештаи на „Комерцијална банка“, НЛБ Банка и „Стопанска банка“ Скопје покажуваат дека трите банки во државни обврзници чуваат повеќе од една милијарда евра.

Официјалните податоци од билансите на состојба на овие три големи банки покажуваат дека нивните вложувања во обврзници за девет месеци се зголемени за 153 милиони евра во однос на состојбата на вложувања на крајот на 2023 година.

Од трите банки најголеми се вложувањата во државни обврзници на „Комерцијална банка“. На крајот на септември тие изнесуваат 554,76 милиони евра. За девет месеци бележат зголемување за 69,2 милиони евра. Тоа е значаен раст на вложувањата во обврзници затоа што надминува 14 отсто во период од само девет месеци. Токму овој показател е индикатор дека најголемите банки веруваат во државата односно конкретно во Владата која е креатор на сите макроекономски политики. Вложувањата означуваат дека банките имаат верба во државата и во сигурноста на пласманите исто како што веруваат дека државата ќе си ја плаќа редовно и навремено каматата на позајмиците во форма на обврзници.

Втора според висината на вложувањата во обврзници, на крај на септември годинава, е НЛБ Банка. Нејзините вложувања во обврзници изнесува 277,45 милиони евра. Во споредба со своите конкуренти НЛБ Банка е најпретпазлива во вложувањата во обврзници во овие девет месеци годинава. Тие се зголемени за само 19,73 милиони евра. Очигледно дека фокусот на вложувањата на врвните менаџери на оваа банка во овој период бил ставен на други приоритети.

Стопанска банка Скопје на крај на септември во обврзници чува 249,5 милиони евра. И покрај тоа што останува трета на листата според вредноста на вкупните пласмани во обврзници во првите девет месеци купувала многу повеќе вакви финансиски инструменти од НЛБ Банка. Нејзините вложувања во обврзници пораснале за 64 милиони евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ГЛОБАЛНА АКЦИЈА: Оданочување на 3.000 милијардери?

ГЛОБАЛНА АКЦИЈА: Оданочување на 3.000 милијардери?

ПОЧНУВА СРЕДБАТА НА НАЈБОГАТИТЕ: Зошто е важен самитот на Г20 и зошто има забележливи несогласувања уште на самиот почеток

ПОЧНУВА СРЕДБАТА НА НАЈБОГАТИТЕ: Зошто е важен самитот на Г20 и зошто има забележливи несогласувања уште на самиот почеток

АМАЗОН ЛАНСИРАШЕ КОНКУРЕНЦИЈА НА ТЕМУ - ќе ги ограничат цените на производите

АМАЗОН ЛАНСИРАШЕ КОНКУРЕНЦИЈА НА ТЕМУ - ќе ги ограничат цените на производите

ИЛЈАДА ЛУЃЕ ДОБИЈА НЕПРИЈАТНА ВЕСТ ПРЕКУ СМС: Им стигна порака од Џенерал Моторс

ИЛЈАДА ЛУЃЕ ДОБИЈА НЕПРИЈАТНА ВЕСТ ПРЕКУ СМС: Им стигна порака од Џенерал Моторс

ИЗВОЗОТ НА САД Е ВАЖЕН ЗА ЕВРОПА: Кои земји се најзависни?

ИЗВОЗОТ НА САД Е ВАЖЕН ЗА ЕВРОПА: Кои земји се најзависни?

ГИ НЕМА ПАРИТЕ ОД БИОГАСНАТА ЦЕНТРАЛА, ДОБИВКАТА СЕ ПРЕТВОРИ ВО „МИНУС“ - како ЗК Пелагонија од Битола влезе во загуба од 890 илјади евра

ГИ НЕМА ПАРИТЕ ОД БИОГАСНАТА ЦЕНТРАЛА, ДОБИВКАТА СЕ ПРЕТВОРИ ВО „МИНУС“ - како ЗК Пелагонија од Битола влезе во загуба од 890 илјади евра

ЕВЕ КАКО ПРОПАДНА ЛЕГЕНДАРНОТО „БОРОВО“: Продаваа и во Македонија, имаа вистинско „гратче“ со 22.000 работници

ЕВЕ КАКО ПРОПАДНА ЛЕГЕНДАРНОТО „БОРОВО“: Продаваа и во Македонија, имаа вистинско „гратче“ со 22.000 работници

БЕРЗАТА СЕ „ОТРЕЗНУВА“ ОД ТРАМП: Шесте најголеми компании изгубија 458 милијарди долари за еден ден

БЕРЗАТА СЕ „ОТРЕЗНУВА“ ОД ТРАМП: Шесте најголеми компании изгубија 458 милијарди долари за еден ден

ГЕРМАНИЈА ИМА ОГРОМЕН НЕДОСТИГ ОД ВОЗАЧИ НА КАМИОНИ: Работодавците очајно ги бараат

ГЕРМАНИЈА ИМА ОГРОМЕН НЕДОСТИГ ОД ВОЗАЧИ НА КАМИОНИ: Работодавците очајно ги бараат