17 Ноември, 2024
0.0285

Реакциите за новоизбраната функционерка во комисијата на АЕК не стивнуваат

Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

ЗНАМ реагира дека сопственичката на фирмата што требаше да ја изгради спорната катна гаража кај Собранието, Анкица Трпковска, е избра да биде член на Комисијата на АЕК (Агенцијата за електронски комуникации) со потребните квалификации.
Трпковска се уште се води како сопственичка на компанијата што требаше да ја гради спорната катна гаража а избрана е во период кога се подготвува Закон со кој би требало да се обештети нејзината компанија.На нејзината фирма адвокат и бил министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Таа ќе добива 2.700 евра месечен надоместок.

Според СДСМ, Трпковска имала блиски семејни релации со Тошковски, а власта го прекршува Законот за електронски комуникации.

„Навела дека пред неколку години завршила високо образование по јавна администрација и дека се стекнала и со магистер по правни науки. Што значи нема посебни познавања од областа на електронските комуникации. Освен ако власта смета дека познавање од областа на електронските комуникации е користење Интернет и Ворд како што самата напишала во биографијата.
Во член 17 од Законот за електронски комуникации јасно се дефинирани условите, за да биде избран некој член на Комисијата на АЕК мора да има соодветно работно искуство во струката и цитирам „посебни знаење од областа на електронските комуникации. Станува збор за целосно некомпетентен човек , без познавање на електронските комуникации, одноставно несоодветен за оваа позиција“, реагираше СДСМ:

Денеска реагираше ЗНАМ, од каде пак велат дека новопечената функционерка ги има потребните стручни квалификации.

„За членот на Комисијата на АЕК Анкица Трпковска, која очигледно им е трн во око на посетителите на журки по Дубаи, нема никакви спорни моменти во врска со нејзиниот избор. Таа ги исполнува сите услови од конкурсот, за што има доставено потребна документација: соодветно образование од областа на правните науки, двојно поголемо работно искуство од законското барање како консултант во фирми што се занимаваат со телекомуникациите и над 20-годишно искуство во управување со сериозни и успешни компании во државата. Толку за избраниот член на АЕК, велат од ЗНАМ.

За крај, би сакале да ја потсетиме јавноста дека за парцелата пред Собранието за кое се зборува во прес-конференцијата на СДСМ, одобрението
за градба го има потпишано нивниот поранешен нај неуспешен градоначалник на Центар и кандидат во најава за следните локални избори, Андреј Жерновски“, тврдат од партијата“, пишува меѓудругото во реакцијата на ЗНАМ.

Можеби ќе ве интересира

Нападнат таксист од Косово пред скопскиот аеродром

Нападнат таксист од Косово пред скопскиот аеродром

Тепачка на свадба во Куманово

Тепачка на свадба во Куманово

Најчевска: Како може граѓаните да се задолжуваат, а бизнисмените и банкарите да ги добиваат парите?

Најчевска: Како може граѓаните да се задолжуваат, а бизнисмените и банкарите да ги добиваат парите?

Притворени потпалувачи на кафе-бар во Кисела Вода

Притворени потпалувачи на кафе-бар во Кисела Вода

МВР: Обид за убиство во Скопје, му пукал во стомак и сега е во притвор

МВР: Обид за убиство во Скопје, му пукал во стомак и сега е во притвор

Се шетал со нож во Карпош

Се шетал со нож во Карпош

ДУИ со писмо до меѓународната заедница, но и до Албанија и Косово пред одлуката на Уставен суд

ДУИ со писмо до меѓународната заедница, но и до Албанија и Косово пред одлуката на Уставен суд

Малолетници во Центар обиле багер и со машината оштетиле паркирано возило

Малолетници во Центар обиле багер и со машината оштетиле паркирано возило

Елена Антоновска: „Ако не побарате помош, ни Господ не може да ви помогне“- КАЖИ ШИФРА

Елена Антоновска: „Ако не побарате помош, ни Господ не може да ви помогне“- КАЖИ ШИФРА