16 Ноември, 2024
0.0513

ДВЕ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ТЕШКИ 50 МИЛИОНИ ЕВРА ДО КРАЈ НА МЕСЕЦОВ: се очекува да се отворат 500 нови работни места

Објавено во: Економија 16 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Две нови инвестиции треба да се реализираат до крајот на месецот. Едната ќе биде проширување на веќе постоен погон, а другата ќе биде сосема нова инвестиција. Двете инвестициите ќе достигнат вредност до 50 милиони евра и ќе обезбедат до 500 нови работни места.

- Преговараме и очекувам до крајот на овој месец да имаме две инвестиции. Едната ќе биде проширување на веќе постојан погон, а другата ќе биде сосема нова инвестиција, кои ќе обезбедат до 500 нови работни места. Очекувам овој месец тие две да ги завршиме, а веќе во декември ќе имаме најмалку уште две, но и почеток на една нова инвестиција, поточно ставање на камен темелник - изјави денеска Мицкоски во одговор на новинарско прашање, за време на поставувањето на камен темелник за надградба на ООУ „Ацо Шопов“ во Бутел.

Тој рече дека инвестициите ќе бидат во секторот градежништво и автомобилската индустрија.

На новинарско прашање во врска со средбата што се одржала оваа недела со потенцијален партнер за инвестиција во когенеративна гасна постројка, и дали станува збор за грчката компанија „Митилинеос“, Мицкоски одговори дека не е вклучена оваа грчка компанија, туку станува збор за сосема нов концепт и посочи дека има три компании кои се сериозно заинтересирани за вложување во ваков тип на енергетска инфраструктура на когенеративни производни капацитети.

- Ние жестоко ја критикувавме грчката „Митилинеос“, затоа што ценевме дека е штетна таа инвестиција и дека нема да донесе добро за македонските граѓани. Сега би било непристојно шест месеци потоа, само затоа што сега сме Влада да го смениме мислењето. Јас така не функционирам. Може да се случи да се поместиме доколку добиеме во меѓувреме аргументи, но не само што не добиваме аргументи, туку убедени сме дека тоа е штетна инвестиција и не е одговор на потребата на скопјани, но и генерално на државата - рече Мицкоски.

Тој напомена дека имаме три компании кои се сериозно заинтересирани за вложување во ваков тип на енергетска инфраструктура когенеративни производни капацитети и нормално, и со сите се преговара, за да се види кои се најдобрите услови. Но, нагласи, тоа нема да биде ништо надвор од актуелните програми за поддршка на инвестициите, нема да биде инвестиција со која ќе биде загарантиран откупот или по принцип, туку ќе биде на основа на правилата на пазарот. Мицкоски додаде дека ќе биде инвестиција која ќе користи зелена енергија.

- Секако, ќе биде инвестиција која што ќе користи зелена енергија, бидејќи се обврзавме со планот за раст дека ќе овозможиме производите што ќе се извезуваат во Европската Унија, да имаат зелено брендирање дека се произведени од зелена енергија. Ние последни почнавме како Влада, споредено со другите пет земји од Западен Балкан, први ќе ја добиеме првата транша, бидејќи најквалитетно и први си ја завршивме домашната задача во овие четири месеци. Последни почнавме, први ја добиваме и сме многу понапред во сите други процеси од другите пет земји. Имаме амбициозен план и сакаме да го реализираме - додаде Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ОТКАЗИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА: Германската компанија укинува повеќе од илјада работни места

НОВИ ОТКАЗИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА: Германската компанија укинува повеќе од илјада работни места

ГРАДЕЖНИЦИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ПОИНТЕНЗИВНО НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО - расте вредноста на договорените активности

ГРАДЕЖНИЦИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ПОИНТЕНЗИВНО НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО - расте вредноста на договорените активности

Луфтхаза ја купува националната италијанска авиокомпанија ITA Airways: Продажбата проценета на 325 милиони евра

Луфтхаза ја купува националната италијанска авиокомпанија ITA Airways: Продажбата проценета на 325 милиони евра

РУСИЈА ЈА СТОПИРАШЕ ИСПОРАКАТА НА ГАС КОН ЕДНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА - главна причина за ваков потег се долговите

РУСИЈА ЈА СТОПИРАШЕ ИСПОРАКАТА НА ГАС КОН ЕДНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА - главна причина за ваков потег се долговите

ТРЕНЧЕВСКА: Имаме буџет кој единствено ги задоволува потребите на 24 министри и нивните кабинети

ТРЕНЧЕВСКА: Имаме буџет кој единствено ги задоволува потребите на 24 министри и нивните кабинети

ЕК: Приватната потрошувачка и инвестициите ќе го забрзаат растот на македонскиот БДП

ЕК: Приватната потрошувачка и инвестициите ќе го забрзаат растот на македонскиот БДП

НЕВЕРОЈАТНО: Најскапиот квадрат во стан во стара зграда во Белград е платен 7.500 евра

НЕВЕРОЈАТНО: Најскапиот квадрат во стан во стара зграда во Белград е платен 7.500 евра

ПРОСЕЧНА ПЛАТА ВО ЗАГРЕБ: Има пораст, но вработените во производство на кожа се со најмали примања

ПРОСЕЧНА ПЛАТА ВО ЗАГРЕБ: Има пораст, но вработените во производство на кожа се со најмали примања

ПОСКАПЕЛО ОВОШЈЕТО: Цената на зеленчукот се зголемила за 47.7 отсто

ПОСКАПЕЛО ОВОШЈЕТО: Цената на зеленчукот се зголемила за 47.7 отсто