16 Декември, 2025
0.0525

Зошто е уапсен поранешниот министер за здравство на Хрватска? Купувал роботизирани микроскопи за три пати поскапо

Објавено во: Балкан 17 Ноември, 2024 18:48

Добивај вести на Viber

„Легнаа парите“, напиша Саша Поздер, претприемач кој е обвинет од европското обвинителство во афера со наместени тендери за скапи роботски уреди за неколку болници во Хрватска,  поради што неодамна беше уапсен и министерот Вили Берош.

Хрвоје Петрач, осомничен дека водел криминална група на која и припаѓале Поздер и Берош, го прашува: „Какви пари? Тој одговара со поздрав: „Осиек“.

Станува збор за пораки од WhatsApp кои истражителите ги пронашле во мобилниот телефон на еден од синовите на Петрач и се вклучени меѓу доказите во овој корупциски случај.

Апаратот го купиле за 135 илјади евра, го продале за 464 илјади евра

Според тврдењата на ЕСЈО, споменатите пари се сума од речиси два ипол милиони куни, или нешто повеќе од 464 илјади евра, кои Клиничкиот болнички центар Осиек ги исплатил на компанијата на Поздер - Медикал иновејшн солушнс за роботскиот микроскоп.

Парите се исплатени од државниот буџет, а ЕЈО се сомнева дека се се одвивало со одобрение на министерот Берош, кој примил и околу 25.000 евра мито.

Дека се работи за преплатена сума, како што смета ЕЈО, произлегува од сметките пронајдени во истрагата. Имено, компанијата на Поздер го купила спорниот неврохируршки роботски оперативен микроскоп од австрискиот производител BHS Technologies GmbH за 135 илјади евра.

Сметките како доказ

Со други зборови, Министерството за здравство платило за апаратот за КБЦ Осиек цифра што е повеќе од 200 отсто повисока од набавната цена на тој апарат, пресмета ЕППО.

Се сомнева дека нешто слично се случило и во случајот на Клиниката за детски болести во Загреб. Имено, според документацијата што ја пронашле европските истражители, Поздер и го продал апаратот Роботископ за 371 илјада евра, додека набавната цена била 125 илјади евра.

Во третиот случај опфатен со истрагата, цената што според пронајдената документација Клиничката болница на сестрите на милосрдието ја платила на Поздер за роботскиот микроскоп изнесува 456.000 евра со вклучен ДДВ. Истиот овој уред Поздер го купил од австриски добавувач за 130.000 евра, стои во фактурата приложена како доказ.

Дел од незаконскиот профит од компанијата Медикал иновејшн солушнс е извлечен, се сомневаат од ЕПЈО, преку фирмата Гала плус недвижнини во сопственост на вториот син на Петрач.


Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата