18 Декември, 2025
0.1272

Кој чува пари на Кипар? За првпат по кризата растат депозитите на островот

Објавено во: Балкан 28 Мај, 2014 21:59

Добивај вести на Viber

Депозитите во кипарските банки во април се зголемени за 266,3 милиони евра за првпат по декември 2012 година и финансиската криза која ја зафати оваа земја. Како што соопшти кипарската централна банка, депозитите на домашните резиденти се намалени за 243,9 милиони евра, а депозитите од граѓани на другите земји-членки на ЕУ се намалени за 16 милиони евра. Така што, растот се должи единствено на зголемени депозити од граѓани од други земји во светот и тоа за цели 526,6 милиони евра. Огромниот кипарски банкарски сектор беше принуден на радикално преструктурирање минатата година, како дел од спогодбата со меѓународните кредитори, кои на островската држава и дадоа кредит од 10 милијарди евра за излез од кризата. Согласно спогодбата, затворена беше втората по големина кипарска банка Лаики, а депонентите во најголемата Банка на Кипар депонентите претрпеа големи загуби. Финансискиот сектор од тогаш се бори повторно да изгради стабилна база на депозити.  

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии