19 Декември, 2025
0.0450

Кој дрма во Велес? Еве ги најголемите компании во градот на Гемиџиите!

Објавено во: Економија, Анализа 19 Мај, 2023 11:27

Добивај вести на Viber

Гринфидл инвестицијата „Маркарт“ е економска локомотива на Велес, но градот на Вардар има силна домашна секција која е комбинација од металната, прехранбената и агро индустрија заедно со еден од големите ланци супермаркети

Велес, родното место на Кочо Рацин и Коле Неделковски, родното место на Васил Главинов, градот на „Гемиџиите“, градот на мостовите поставен долж реката Вардар во срцето на Македонија, најголемиот јазол на македонската железница. Град синоним на македонскиот непокор, преродбата и социјализмот. Градот на црната металургија која стана негова црна судбина затоа што можеби најжестоко страдаше во македонската политичко – економска транзиција во деведесетите години на минатиот век.

Од транзицијата излезе поразен, но стана посилен. Едни заминаа и оставија простор на други, а малку од нив успеаја да го фатат приклучокот и да се преструктруктуираат по пазарното „вјерују“. Темелно и полека, но сигурновелешките компании растеа и се развиваа.

Денеска најголемите од нив, домашно поседувани, во градот внесуваат и распределуваат приход поголем од 130 милиони евра годишно. Домашни лидери се ланецот маркети „Жито“, неизоставниот индустриски гигант „Брако“ и претставниците на агро секторот и прехранбената индустрија: „Агриа“, „Кристал 1923“, „Овчеполка“ и „Малина“. Во Велес економска локомотива е гринфилд инвестицијата „Маркарт“ која вработува 550 лица и генерира приход од 124 милиони евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии