Кој е директорот? Ќе добие 72.900 евра награда од фирмата со која раководи!
Објавено во: Економија 22 Април, 2024 08:20
„Тетекс“ е прва компанија во македонската корпоративна историја која јавно со одлука на собрание на акционери одобри награда од 5% од нето добивката за нејзиниот генерален директор. Бобан Гоговски од неговото раководење со „Тетекс“ за 2023 година ќе добие менаџерски бонус (предвиден во неговиот договор за работа) во вредност од 72.900 евра
Бобан Гоговски, генерален директор и извршен член на Одборот на директори на „Тетекс“ доби 72.900 евра награда (односно бонус) од компнаијата со која раководи. Ова е прв случај во македонската корпоративна историја некоја компанија чија акција котира на Македонска берза транспарентно да ја објави одлука за персонална награда односно бонус на својот генерален (прв или извршен н.з.) директор.
Во одлуката од акционерското собрание на „Тетекс“ одржано во петокот на 19 април акционерите одлучиле да го напрадат Гоговски за успешност, согласно со член 6 од неговиот договор со „Тетекс“ со 5 отсто од добивката (по одбивање на данокот и одбивање на износот одпределен за законски резерви). Линкот до одлуката е достапен на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=67489
Со оваа одлука „Тетекс“ ќе издвои 5 отсто од нето добивката намалена за износот за законски резерви и ќе му исплати 44,8 милиони денари (72.900 евра) на Бобан Гоговски. Нето добивката на „Тетекс“ за 2023 година изнесува 1,53 милиони евра. А од тие пари како дивиденда на сите свои акционери „Тетекс“ ќе исплати безмалку половина односно 729.600 евра.
Бобан Гоговски, освен директорскиот бонус, од „Тетекс“ ќе наплати пари и од дивиденда. И тоа ќе бидат 6,67 отсто од сите пари предвидени за дивиденда. Онолку колку што и поседува акции во таа компанија кои ги наследи од неговиот татко Глигорие Гоговски, поранешен, долгогодишен прв човек на македонскиот текстилен гигант „Тетекс“.
Бобан Гоговски од дивиденда на неговиот акции ќе наплати нешто над 43.000 евра нето износ. Заедно од менаџерскиот бонус и дивиденда Бобан Гоговски ќе приходува над 115.000 евра од „Тетекс“ за 2023 година.
Р.Ф.
Можеби ќе ве интересира
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети




