Кој е директорот на „Тетекс“ што за добро работење ќе добие награда од 56.000 евра?
Објавено во: Економија 26 Март, 2025 08:15
Главниот извршен директор на „Тетекс“ (кој е и втор најголем акционер н.з) има менаџерски договор врз основа на кој поранешниот текстилен гигант му исплаќа награда во висина од 5% од остварената годишна добивка. За овие две години директорување Бобан Гоговски од „Тетекс“ доби награда од 133.000 евра
„Тетекс“ ќе подели 89.400 евра награди за успешно работење во 2024 година на членови на одборот на директори и раководниот тим на компанијата. Ова е содржина на предлог одлуката која официјално е објавена на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност, а ќе биде гласана од акционерите на претстојното собрание закажано за следниот месец.
Извесно е дека главниот извршен директор на „Тетекс“ Бобан Гоговски ќе добие награда од 5% од добивката на компанијата. Тоа е клаузула од неговиот менаџерски договор.
Неговата награда за 2024 година изнесува 56.300 евра на добивката на „Тетекс“ која изнесува 1,13 милиони евра.
Од добивката во вкупна вредност од 89.400 евра за другите членови на Одборот на директори и на раководни лица остануваат околу 33.000 евра.
За претходната година наградата на Гоговски била повисока и изнесувала 76.700 евра затоа што добивката на компанијата била 1,6 милиони евра.
Што работи „Тетекс“ поранешниот текстилен гигант?
Од податоците кои се јавно достапни се гледа дека „Тетекс“ остварува приходи од продажба на текстилни производи од својата залиха, а глвните приходи се од рента на недвижен имот и од дивиденди (во најголема мерка од неговите акции во ТТК Банка н.з.).
Лани „Тетекс“ остварил прилив по основ на дивиденда во вредност од 703.000 евра. Добивката за 2024 година изнесува 1,13 милиони евра.
Интересно е да се истакне тоа што „Тетекс“ лани вработувал 27 лица според достапни податоци во неговиот извештај достапен на сајтот на Македонска берза. При тоа за плати вкупно „Тетекс“ исплатил 500.000 евра. Од тоа излегува дека просечната бруто плата во „Тетекс“ лани по вработени изнесува над 1.500 евра.
Н.С.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




