05 Декември, 2025
0.0610

Кој е „џокерот“ во ракав на „Тетекс“? Профитот е пола од приходите

Објавено во: Економија 10 Мај, 2021 07:24

Добивај вести на Viber

„Тетекс“ се покажа како одличен инвеститор. Иако „кор бизнисот“ е речиси зграснат компанијата има одлични или пристојни приходи од своите вложувања и тоа му овозможува да дели дивиденди на свооите акционери. За првите три месеци друштвото има приход од 280.000 евра, а нето добивката пред се балгодарејќи на исплата на добивка од удели, изнесува 132.000 евра. А ќе биде уште подобро кога ќе дојде дивидендата од акциите во ТТК Банка , од каде „Тетекс“ ќе добие над 550.000 евра бруто дивиденда

„Тетекс“ е најуспешната компанија во конкуренција на сите друштва чии акции котираат на Македонската берза за хартии од вредност. Ова не е лажна вест. Фактите покажуваат дека според параметарот учество на профитот во добивката „Тетекс“ досега е неприкосновен во конкуренција на сите друштва што објавија финансиски резултати за првите три месеци годинава.

Што се случува?

„Тетекс“ не работи ништо од неговиот кор бизнис затоа што акционерите го поддржаа менаџментот во одлуката дека конјуктурата налага да се згасне најголем дел од производниот процес заради неконкурентноста со третите пазари. Така и направија.

Официјалните квартални податоци покажуваат дека приходите од продажба се само 35 отсто во споредба со приходите од истиот период лани. Во пари – 200.000 евра за периодот јануари – март годинава. Од тоа 179.000 евра на домашниот пазар. Залихите се на ниво од 4,2 милиони евра само 4 отсто помалку од лани. Останатите оперативни приходи 85.000 евра или 35 отсто повисоки од истиот период лани. Вкупните приходи на „Тетекс“ изнесуваат 280.000 евра и се за 58 отсто пониски од претходната година.

Оперативните расходи на друштвото изнесуваат 204.400 евра и се 70 отсто пониски од претходната година. И повторно најголема трошковна ставка се давачките за вработените. Изнесуваат 70.000 евра и се за 74 отсто пониски од истиот период лани. Оперативната добивка на друштвото е речиси 50.000 евра што е неспоредливо подобар резултат од претходната година кога биле во загуба од работењето во првиот квартал.

И сега клучниот момент: „Тетекс“ има одлични инвестиции меѓу кои најголема се акциите во ТТК Банка. Но сега, друг влог му носи добивка. Станува збор за удели во друштво во кое „Тетекс“ е сопственик. Од удел во добивката на придружено друштво има прилив од 82.500 евра. Заедно со оперативната добивка прави профит од 132.000 евра за првите три месеци годинава.

„Тетекс“ е една од омилените акции на инвеститорите кои се ориентирани кон и вложуваат во дивидендни акции. За последните три години (2018,2019 и 2020 година) друштвото исплати вкупно бруто дивиденда од 400 денари за акција.

Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?